Победа на Доналд Трамп во Ајова на изборите за претседателски кандидидат од републиканците

January 16, 2024
1 min read

Поранешниот претседател Доналд Трамп победи на прелиминарните избори за претседателски кандидат од републиканците што синоќа се одржаа во Ајова. 

И покрај арктичкиот студ што ноќеска на некои места достигна -37 степени Целзиусови, републиканците од оваа сојузна држава гласаа на таканаречените „какуси“, собири по цркви, училишта и други јавна места, и го избраа Трамп за свој кандидат на претседателските избори закажани за годинава во ноември.  

Далеку зад него за второ место се бореа поранешната амбасадорка на САД во ОН, Ники Хејли, и гувернерот на Флорида, Рон Десантис. На анкетите во Ајова Трамп водеше со 53 отсто, додека рејтингот на Хејли и Десантис беше 19 и 16 отсто соодветно.  Тројцата изминатата недела интензиво митингуваа во Ајова, иако Трамп откажа неколку митинзи поради екстремно ладното време.

Резултатите во Ајова се важни и покажуваат какво би било расположението на републиканците на следните гласања во клучните држави, како она закажано во Њу Хемпшир на 23 јануари. 

Победата на Трамп значи дека партијата стои зад него и покрај лажните тврдења дека изборите во 2020 година биле украдени, но и фактот дека против него се покренати 91 кривично обвинение поврзани претежно со скандалот со отуѓување на доверливи државни документи и обидите да се укинат изборите во 2020 година. 

Ако Трамп навистина победи ќе следува повторен дуел меѓу него и претседателот Џо Бајден по оној пред четири години. Бајден тврди дека во напорите да ги дискредитираат изборите во 2020 година, Трамп и неговите соработници претставуваат закана за американската демократија.

Извор: 24vesti.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Грлиќ-Радман во Анкара: Туркије за Хрватска е кандидат за членство и останува клучен партнер на Европската Унија

Следно

Средба на претседателот Пендаровски со Џејмс O’Брајан, помошник државен секретар за европски и евроазиски прашања во Стејт департментот

Latest from Blog

Донесена одлука за 30-дневна кризна состојба во Македонија

Донесена е одлука за 30-дневна кризна состојба на територија на Македонија поради зголемената појава на пожари. Портпаролката на Владата, Марија Митева на прес конференција истакна дека одлуката е донесена врз основа на

Тешко повреден пожарникар вчера во Бразда

Пожарникар на Територијалната противпожарна бригада на Град Скопје се здоби со тешки телесни повреди откако вчера околу 10:10 часот паднал од четирицикл во шумскиот предел „Жејковац“, кај селото Бразда. Според полицијата, 48-годишниот

Предлог-извештајот на Вајц за Македонија пред пратениците во ЕП – шансите да остане македонскиот јазик се многу мали

Дел од европратениците нема да гласаат за бришење на македонскиот јазик и идентитет од извештајот на Европскиот Парламент, порача премиерот Мицкоски. На само неколку часа пред документот за напредокот на земјата, да

ПРВИ РЕЗУЛТАТИ ОД ИСТРАГАТА: Ова е најверојатната причина за сообраќајката во која загинаа Жота и Силва

Првите резултати од истрагата за сообраќајната несреќа во која напаѓачот на Ливерпул, Диого Жота, и неговиот брат Андре Силва ги загубија животите минатата недела во Шпанија укажуваат на „голема брзина“ со која

Сирија бара помош од ЕУ за справување со пожарите во Латакија

ДАМАСК (АА) – Дамаск побара поддршка од Европската Унија за помош во контролирањето на шумските пожари што беснеат во руралниот дел на Латакија во северозападна Сирија, изјави денес сирискиот министер за вонредни
Go toTop