По „Травничка хроника“ битолскиот актер Огнен Дранговски повторно соработува со Бранко Брезовац во Загреб на „Новиот Сатана“

April 6, 2023
1 min read

Театарскиот проект „Новиот Сатана“ чија премиера се изведе на 31. ви март, а потоа имаше уште две изведби наредните денови, е копродукција на естонскиот театар, Ваба Лава од Талин, естонската продуцентска куќа R.A.A.A.M. и Евроказ од Загреб, во соработка со Музејот на современа уметност од Загреб. Режисер е Бранко Брезовец, а негова е и адаптацијата на текстот, заедно со Гордана Внук. Музиката му беше доверена на Станко Јузбашиќ, сцената на Ивана Кнез, а костимите на Сузана Брезовец.

Раскошниот актерски ансамбл го предводи битолскиот актер Огнен Дранговски во улогата на Иларија Шалиќ, потоа Пашко Вукасовиќ како неговиот син Иља и Сузана Брезовец, која ја играше неговата сопруга Мара. Тука се и Ена Јагец , Франо Машковиќ,  Борна Балетиќ, Лоренцо Раушевиќ, Синиша Милетиќ, Дамијан Хумски и други.Оваа претстава, како и во сите дела на Брезовец, допира неколку различни теми, а мотивите, заедно со нив, се борат за еднаков статус. Тука се поставуваат прашањата:  Дали човечкиот живот е грев или грешка?Можеме или мораме? Дали ни е дозволено да ги сакаме нашите желби?

За осветлувањето беше задолжен Томислав Маглечиќ, звукот го направи Грегор Томљеновиќ, а уметничките интервенции се дело на Марта Црнобрња. Продуцент на претставата е Марко Миловац, а за техниката се погрижија Иван Сиротиќ Граф и Зоран Стојковски.

Ова не е прва соработка на Дранговски и Брезовец, имено се сеќаваме на претставата „Травничка Хроника“ на сцената на Битолскиот театар .

 

Republika.mk – содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Арапите со луда понуда тропнале и на вратата на Жозе Мурињо, му понудиле неверојатни 120 милиони

Следно

Сомалија ќе печати пари првпат после 32 години

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop