По разорните земјотреси во Туркије, под урнатините фотографии и спомени од среќните времиња

1 min read

АДИЈАМАН (АА) – Семејните фотографии и спoмените од среќните времиња останаа под урнатините во турскиот Хатај по разорните земјотреси што минатата недела ги погодија јужна Туркије и Сирија, јавува Анадолу.

На 12-тиот ден од земјотресот, екипите на терен сѐ уште работат на потрага и спасување на луѓето под урнатините. При чистењето на урнатините наоѓаат и многу спомени.

Семејни фотографии, фотоалбуми од посреќни времиња, играчки, некогаш среќните домови сега се претворени во урнатини.

Најмалку 38.044 луѓе загинаа во двата силни земјотреси што ја потресоа јужна Туркије на 6 февруари.

Земјотреси со јачина од 7,7 и 7,6 степени според Рихтеровата скала, со епицентар во областа Кахраманмараш, погодија 11 области, уништувајќи илјадници згради и погодувајќи повеќе од 13 милиони луѓе.

Земјотреси го потресоа целиот регион, а во соседна Сирија загинаа повеќе од 3.600 луѓе, додека повеќе од 14.000 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Новинарски марш: Да престане потценувањето и омаловажувањето

Следно

СЗО загрижена поради недостигот на помош во северозападните делови на Сирија погодени од земјотресот

Latest from Blog