По повод 10-годишнината, отворање на 4-тото издание на „Istanbul Photo Awards“ во Анкара

December 9, 2024
1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Утре во Анкара ќе биде отворена четвртата изложба по повод 10-годишнината од доделувањето на фотографиите на „Istanbul Photo Awards“ на Анадолу.

Настанот, кој се одржува од 10 до 22 декември во Центарот за уметности „ЦерМодерн,“ содржи наградувани фотографии од меѓународниот натпревар за фотографии.

Со овој настан турскиот главен град се приклучува на претходните изложби во Истанбул, Њујорк и Брисел.

„Овогодинешната изложба ги прикажува глобалните настани од изминатата година, почнувајќи од тековниот геноцид на Израел во Палестина до разорните земјотреси во јужна Туркије во февруари 2023 година, наречени „катастрофа на векот“.

Изложбата исто така ги истакнува критичните прашања како насилството во мексиканските нарко картели, авганистанските бегалски кампови, загадувањето со пластика во Нигерија и уништувањето на живеалиштата на слоновите во Шри Ланка.

Исто така, опфаќа глобални спортски настани како што се Светското првенство во водени спортови во Јапонија и тенискиот турнир Вимблдон, како и приказни за дискриминација во Индија и мигрантски трагедии во близина на Шпанија.

Овогодинешниот натпревар привлече над 20.000 пријавени во категории како што се вести, спорт, животна средина, портрети и секојдневниот живот. Наградени се вкупно 32 фотографи во 10 категории.

Со Tурксел, како спонзор за комуникации, Сони како спонзор на наградите и авиокомпанијата Туркиш Ерлајнс како спонзор за транспорт, натпреварот е спонзориран и од Турската агенција за соработка и координација (ТИКА).

Во меѓувреме, пријавите за „Istanbul Photo Awards 2025“ се отворени до 10 јануари 2025 година, на интернет страницата istanbulphotoawards.com.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сиријците засолнети во Туркије почнаа да се враќаат дома по падот на режимот на Асад

Следно

И мажите од редакциите да се вклучат во информирањето за родово базираните теми

Latest from Blog

Нападот врз новинарите во Визбегово – Обвинителството поднесе обвинение против две лица

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинение против две лица поради попречување на работата на новинарите за време на известувањето за пожарот на депонијата во Визбегово. На 9 јули, на улицата „Индира Ганди“,

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop