По одлуката на Уставен суд за укинување на Данокот за солидарност, Министерството за финансии на богатите газди, веднаш ќе им исплати 50 милиони евра

February 5, 2025
1 min read

 Министерство за финансии ќе постапи по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисира создадените обврски од Буџетот. 

Од Министерството за финансии, посочуваат дека нема да коментират судски одлуки, откако Уставниот суд денеска донесе одлука за поништување на Законот за солидарен данок, што значи дека државата ќе треба да врати околу 49,2 милиони евра на 156 компании.

„Министерството за финансии нема да коментира судски одлуки, вклучително и денеска донесената од страна на Уставниот суд. Согласно надлежностите како Министерство за финансии ќе постапиме по Одлуката на Уставниот суд по нејзиното објавување во Службен весник и ќе ги сервисираме создадените обврски од Буџетот“, се вели во соопштението од Министерството за финансии.

Данокот на солидарност беше воведен како еднократна, вонредна јавна давачка за 2023 година. Овој данок го плаќаа компаниите кои во 2022 година оствариле вкупен приход поголем од 615 милиони денари (околу 10 милиони евра). Целта беше да се соберат средства за ублажување на последиците од кризата и да се придонесе за јавните расходи на солидарен начин.

Постапка за оценување на уставноста на оспорениот закон Уставниот суд ја поведе на 20 ноември минатата година со спојување на повеќе предмети, а на денешната седница беше донесена конечната одлука. Судот, тогаш, изрази сомнеж дека оспорениот Закон ја повредува темелната вредност владеење на правото уредена со членот 8 став 1 алинеја 3 од Уставот и фундаменталните принципи на кои почива, како што е правната сигурност на субјектите во нивната правна положба, правната предвидливост и правната извесност во легитимните очекувања на субјектите во правото.

Претседателот на Уставен суд, Дарко Костадиновски на прес конференција појасни дека компаниите сега имаат право во рок од пет години, доколку сметаат дека со тој закон им биле повредени правата, имаат право да бараат од надлежниот орган да се поништат решенијата со кои им се повредени правата.

„Вакво ретроактивно дејство на закон е апсолутно недозволено. Значи правната сигурност на субјектите во правото тие мора да имаат правна предвидливост и правната сигурност. Субјектите во правото мораат да знаат што ги чека, не може сред игра да им ги менуваш правилата на игра. Тоа е правната предвидливост, тие носат проекции и во тоа се состои суштината на владеење на правото. Кога владее правото ти знаеш што те очекува, дека оваа година на толку остварен профит, толку данок ќе платам. Се друго води кон правна непредвидливост и правна несигурност“, изјави Костадиновски.

На крајот на денот, посочи Костадиновски, во услови на немилосрдна борба да привлекување странски инвестиции каква порака се праќа до економските субјекти. 

„Дека државата може по потреба кога ќе и текне да воведе данок. Овој пат е за солидарност, утре ќе биде за нешто друго. Не, таа тежина на повредата и особено ретроактивното дејство беше клучно за одлуката да биде поништувачка“, изјави Костадиновски. 

Подносители на иницијативите се Финмак ДОО, Скопје (У.бр.179/2023), Стопанска комора на Република Северна Македонија (У.бр.183/2023), ДТУ ЕТМТ ЕНЕРЏИ ДООЕЛ Скопје (У.бр.187/2023), Стопанска комора на Северо-Западна Македонија Скопје (У.бр.190/2023) и Друштво за консалтинг Лански, Ганзгер, Зеќири + Партнер ДОО (У.бр.197/2023).

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Тајмс оф Израел: Зад изјавата на Трамп за „преземање“ на Газа стои неговиот зет Џаред Кушнер

Следно

Уставен утврди: Еролд Муслиу не бил дискримиран при разрешувањето од директор на Агенцијата за разузнавање

Latest from Blog

Адамчевски во 24 анализа: Изјавите на Трамп за планот да ја преземе Газа се само закана која веројатно нема да ја оствари

Новинарот Мирче Адамчевски во 24 анализа рече дека изјавите на Трамп за планот да ја преземе Газа се само закана со која сака да провери до каде може да се движи. Според

Бела куќа: Претседателот се заложи за „привремено“ преселување на Палестинците на други места

ВАШИНГТОН (АА) – Портпаролката на Белата куќа Каролина Ливит на брифинг со новинарите ја коментираше состојбата во Газа, известува Анадолу. Портпаролката на САД нагласи дека е можно привремено преселување на Палестинците на

Над милион долари oд УСАИД за заменик претседателката на СДСМ

Фани Каранфиловска Пановска како извршна директорка на Фондацијата отворено општество во 2016 година добила донација од УСАИД Македонија во вредност од 1.191546 американски долари, објави Република. Документот до кој дошла редакцијата а „Република“

Јакимовски за цената на становите: Треба да имаме постојано стабилизирање

Ивица Јакимовски, претседател на градежната комора, вечерва во емисијата „Бизнис21“ на ТВ21 порача дека треба да има постојано стабилизирање и тренд за намалување на цената на становите. „Насоката во која што се

Зголемен бројот на деца заболени од варичела во Куманово

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познати како овчи сипаници во Куманово, соопштија денеска здравствените институции, Центар за јавно здравје и Здравствен дом Куманово. Лекарите очекуваат бројот да расте.
Go toTop