По налог на СПАК, во Албанија за пет години запленет имот вреден 150 милиони евра, стекнат од криминални активности

December 2, 2024
1 min read

Првиот човек на Специјалното обвинителство против корупција и организиран криминал (СПАК), Алтин Думани, во својот говор во Собранието на Албанија, каде што се одржа состанокот на Комисијата за мониторинг на Советот на Европа, рече дека СПАК е на првата линија на борбата против корупцијата и организираниот криминал.

Думани наведе дека СПАК гони различни претставници на извршната власт, членови на собранието, како и на судската власт, адвокати, судии и службеници од државната полиција и за актуелни или поранешни градоначалници, додавајќи дека овозможиле напад на криминални организации за шверц на дрога.

– Покрај кривично гонење, за високите функционери, во фокусот на СПАК е и борбата против организираниот криминал. Тоа е и идентификување и одземање на производите од кривичното дело, како за субјекти кои се гонети за кривично дело корупција, така и за субјекти на организиран криминал. Од датумот на создавање на СПАК, до денес, кога зборуваме, запленивме вкупно 150 милиони евра имот стекнал од криминални активности, рече првиот човек на СПАК.

Тој посочи дека институцијата со која раководи не може сама да се бори против корупцијата и порача дека е „потребна соработката и на другите институции за да бидеме успешни во борбата против корупцијата”.

– Последнава година посебно внимание е посветено на зајакнувањето на соработката со обвинителствата од регионот. Имаме многу добри односи и соработка со обвинителството на Црна Гора, Косово и Северна Македонија, нагласи Думани.

Специјалното обвинителство на Албанија е формирано во ноември 2019 година.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Муцунски: Да не дозволиме пристапниот процес да стане алатка за поделби

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче потврди дека е продолжена рака на Заев, тој не се откажа од предавствата, аферите и криминалот

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop