По интензивните израелски напади избувнаа повеќе пожари во повеќе градовите во јужен Либан

September 22, 2024
1 min read

БЕЈРУТ (АА) – Израелски воени авиони во саботата извршија серија воздушни напади врз јужен Либан, предизвикувајќи пожари во неколку градови, известува Анадолу.

Во соопштението на израелската војска се наведува дека борбените авиони извршиле нов бран воздушни напади врз цели на Хезболах во јужен Либан.

По израелските напади објавени се фотографии од пожари во јужните градови на Либан на социјалните мрежи.

Либанската државна Национална новинска агенција објави дека израелски воени авиони извршиле повеќе од 50 воздушни напади врз пограничните градови во јужен Либан.

Тензиите меѓу Израел и Хезболах се зголемија по почетокот на израелската смртоносна офанзива врз Појасот Газа, во која се убиени речиси 41.400 луѓе, главно жени и деца. Тие особено се интензивираа по експлозиите на пејџери и воки-токи (уреди за безжична комуникација) во Либан на 17 и 18 септември во кои загинаа 37 лица, а повеќе од 3.250 беа повредени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

MARKETING

MARKETING

Претходно

Сообраќајот се одвива непречено и по претежно суви коловози

Следно

Стануваат „сирени“ и ги откриваат морските убавини

Latest from Blog

Тошковски од Мала Преспа: македонскиот дух тука живее силно и гордо

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, заедно со министрите за надворешни работи Тимчо Муцунски и министерот за култура Зоран Љутков се во посета на македонците во Мала Преспа каде присуствуваат на фестивалот

Бериша: За 10 години Албанија ја напушти 45 отсто од популацијата поради нарко диктатурата

Лидерот на најголемата албанска опозициска Демократска партија и поранешен премиер, Сали Бериша во обраќањето на Парламентарното собрание на ОБСЕ, што се одржува во Порто, Португалија изјави дека за една деценија 45 отсто

СДСМ објави нови 11 кандидати за градоначалници, во Струмица наместо Костадинов ќе се трка Даскаловски

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче вечерва на прес-конференција објави уште неколку имиња на кандидати за градоначалници на партијата за претстојните локални избори. Прашан зошто актуелниот струмички градоначалник Костадин Костадинов нема да бара

Во Ирак се одржа Фестивал на убавина за мачки

СКОПЈЕ (АА) – Во организација на Кралската ветеринарна болница, во ирачкиот град Сулејманија денес се одржа второто издание на Фестивалот на убавина за мачки, каде што љубителите на мачки се собраа за
Go toTop