Пленковиќ останува премиер на Хрватска, се откажа од мандатот во ЕП

1 min read

Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ се откажа од мандатот што го освои на изборите за Европскиот парламент, а се очекува тоа да го стори и потпретседателката на Европската комисија за демографија и демократија, Дубравка Шуица.

Тоа значи дека хрватскиот премиер ќе остане во Загреб, а Шуица повторно ќе биде предложена за хрватски претставник во новиот состав на Комисијата, пишува Јутарњи лист.

Пленковиќ во писмо до претседателот на Собранието Гордан Јандроковиќ напиша дека на изборите за Европскиот парламент е избран за прв на листата на ХДЗ која победи на тие избори и освои половина од мандатите.

Извор: kurir.mk

Претходно

Арсенал и Јунајтед во битка за англиски репрезентативец

Следно

Мехмети за ТВ 24: Имаме големи промени на светската сцена поради нови глобални сили

Latest from Blog