Планинска еко акција на врв Лако Сигној – Национален парк Галичица

May 17, 2025
1 min read

Членовите на Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид спроведоа голема еко акција за расчистување и обновување на врвот Лако Сигној (1984 м.н.в.) во Националниот парк Галичица.

По неколкугодишно планирање и со помош од Prespa Ohrid Nature Trust (PONT), во рамки на проектот „Авантуристичка зона во НП Галичица“, во текот на јуни и јули 2024 година беа отстранети остатоците од застарена радиокомуникациска инфраструктура – рѓосан метал, бетон и железни конструкции што со децении го нарушуваа природниот изглед на оваа импресивна планинска локација.

Врвот Лако Сигној се наоѓа на крстопатот на популарните планинарски патеки High Scardus Trail и Lake View Trail, кои секоја година привлекуваат илјадници љубители на природата од целиот свет. Оваа акција не само што ја врати природната убавина на местото, туку и го подобри целокупното искуство за посетителите.

Алпинистичкиот клуб ПАТАГОНИЈА – Охрид останува посветен на зачувување и унапредување на „Авантуристичката зона“ во Националниот парк Галичица, која покрај Лако Сигној ги вклучува и алпинистичките локалитети, спортско качување, Виа Фератата „Доброја“, планинската куќа „Спиридон“ и нови содржини што се во подготовка.

ИЗВОР: racin.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Србија се задолжува со 1,9 милијарди евра за купување 12 авиона „Рафал“

Следно

Лосон: Нема да се прифаќаат мигранти од Британија, ова е широко партнерство

Latest from Blog

Семејството на Теодора од Тетово се уште чека одговор од гостиварска апелација за пресудата за возачот

Семејството на Теодора Ристовска од Тетово, која во август 2022 година го загуби животот преминувајќи пешачки премин, реагира дека се’ уште не им е пристигнат одговорот од Апелационен суд Гостивар. Ова следува

Во последните 24 часа во израелските напади во Газа убиени најмалку 153 Палестинци

АНКАРА (АА) – Најмалку 53.272 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство во енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека 153

Акциска контрола во Македонска Каменица – точеле алкохол на малолетници!

На 17.05.2025 година од страна на СВР Штип/ОВР Делчево во содејство со Државен пазарен инспекторат и Дирекција за заштита и спасување извршена е акциска контрола во два угостителски објекти во Македонска Каменица,

Британскиот амбасадор ги демантира информациите дека во државава ќе се градат кампови за мигранти

Британскиот амбасадор во државава Метју Лосон ги демантира информациите дека со Договорот за стратешко партнерство меѓу Македонија и Обединетото кралство во земјата ќе се градат кампови за мигранти. -Суштината на ова стратешко
Go toTop