Во време кога секоја секунда се мери преку продуктивност, а екраните ја избришаа границата меѓу работата и приватниот живот, сè повеќе луѓе почнуваат со употреба на поинаков начин на комуникација. Пишувањето писма, калиграфијата и користењето ретро прибор за пишување повторно стануваат популарни, особено меѓу младите.
Дигиталните пораки сè почесто се заменуваат со рачно напишаните писма, но токму тактилните активности, како пишувањето со пенкало на хартија и запечатувањето со восок, за многумина претставуваат начин за одмор од виртуелниот свет и можност за подлабока човечка поврзаност.
– Чувствувам дека моите дописни пријатели се вистински пријатели. Пишувањето писма е исто како разговор во живо, само поспоро и подлабоко, вели Мелиса Бобит (42) од Калифорнија, која со години се допишува со луѓе од различни делови на светот.
Слично искуство споделуваат и припадниците на Зет- генерацијата, кои свесно се обидуваат да се одалечатод постојаното користење телефони и социјални мрежи. На овој тренд се додава нова, веќе реализирана идеја, како што е клубот „Лаки Дак Мејл Клуб“ („Lucky Duck Mail Club“), основан во Канада, во октомври 2024 година кој е ангажиран да испраќа уметнички дела и лични пораки по пошта до членови од десетици земји. Според членовите, пишувањето писма нуди простор за размислување, искреност и емотивна размена, што често недостига во брзата дигитална комуникација. (МИА)
Извор: kurir.mk


