ПИЈАНО РЕЦИТАЛ И КОНЦЕРТНА ПРОМОЦИЈА НА АЛБУМ ВЕЧЕРВА НА СКОПСКИОТ ЏЕЗ ФЕСТИВАЛ

1 min read

Скопскиот џез фестивал продолжува вечерва со три ексклузивни концерти.

Американскиот пијанист со кубанско потекло Давид Вирејес ќе свири во Националната опера и балет од 20 часот. Од СЏФ велат дека тој доаѓа специјално од Њујорк за да изведе соло пијано рецитал.

По него, од 22 часот настапува групата на американскиот трубач Роб Мазурек, „Експлодинг стар оркестра“. Дополнителна ексклузива на овој настан е што бендот ќе одржи светска концертна промоција на својот нов албум „Live at the Adler Planetarium”.

Мазурек важи за современа музичка икона на чикашката авангардна сцена, а неговиот оркестар го сочинуваат уште осуммина врвни имиња на џезот.

Вечерта ќе ја затвори британскиот саксофонист Алабастер Деплум со полноќен концерт во Младински културен центар. Од СЏФ кажаа дека публиката може да очекува долг концерт зашто таков бил концептот на настапите на Деплум.

ИЗВОР: sdk.mk

Претходно

Рацин.мк од Будимпешта: Ќе има се помалку политики базирани на факти и ќе расте бројот на нелиберални демократии

Следно

Минчев: Укинувањето на балансерот не е ризик за дестабилизација во државата

Latest from Blog