Петр Павел победи на претседателските избори во Чешка

January 28, 2023
1 min read

Не гледам победници или губитници во оваа земја. Победија вредностите како вистината, достоинството, почитта. Убеден сум дека ја сакаме Чешка во која владее доброто расположение, рече Павел

ФОТО: EPA-EFE/MARTIN DIVISEK

По пребројувањето на гласовите од 99 отсто од избирачките места, генералот Петр Павел освоил 58,12 отсто од гласовите, додека противникот, поранешниот популистички премиер, сега лидер на опозицијата, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш (68), освоил 41,87 отсто од гласовите, а излезноста достигнала речиси 70 отсто од 8,25 милиони регистрирани гласачи.

Идниот нов претседател на Чешка, пензионираниот генерал Петр Павел (61), апелираше Чесите да не се чувствуваат поразени доколку не гласале за него, бидејќи имал намера да разговара со сите кои имаат идеи и решенија, а дека победиле демократските и граѓански освоени вредности.

„Знам дека многумина се разочарани затоа што нивниот кандидат не победи. Не гледам победници или губитници во оваа земја. Победија вредностите како вистината, достоинството, почитта. Убеден сум дека ја сакаме Чешка во која владее доброто расположение“,

рече Павел на прес-конференцијата.

Според него нема победнички и поразени гласачи.

„Сите ние сме граѓани на Чешка. И гласачите на Андреј Бабиш сакаат државата да функционира и да им помогне“,

рече генералот Павел во првите реакции за победата.

Петр Павел ќе положи заклетва на 9 март.

Чешкиот премиер Петр Фијала денеска им честиташе на Чесите што го избраа пензионираниот генерал, поранешен началник на Генералштабот, а подоцна и втор човек на НАТО, Петр Павел за нов претседател на земјата.

„Победи граѓанскиот кандидат и вредностите што тој ги застапува, а тоа е многу важна вест во овие меѓународно и економски тешки времиња. Зад нас е најодвратната изборна кампања во поновата историја. Општеството од неа излегува поделено. Добро е што во претседателскиот дворец Храдчани ќе биде претседател кој сака да обединува“,

рече премиерот Фијала.

Чешкиот премиер оцени дека денешниот пораз на изборите за претседател на Чешка заедно со поразот на парламентарните избори за поранешниот популистички премиер, петтиот најбогат тајкун во Чешка, Андреј Бабиш, може да значат крај на неговата популистичка ера.

Андреј Бабиш му ја честиташе победата на генералот Павел, го призна поразот и му посака да биде сечиј претседател, да ги слуша нивните проблеми и да се бори за чешките национални интереси.

„Би ги замолил нашите поддржувачи да прифатат дека сум поразен и да прифатат дека имаме нов претседател“,

изјави Андреј Бабиш.

Петр Павел добива силен мандат од чешките гласачи, бидејќи според прогнозите освоил повеќе гласови од неговиот претходник, претседателот во заминување Милош Земан.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Фијала: Чешка за нов претседател на земјата го избра Петр Павел, победи граѓанскиот кандидат

Следно

Прoтести низ САД по објавеното видео од убиството на Тајeр Николс при полициско задржување

Latest from Blog

Алчинов во Отворено: За да се направи пат до хидроелектраната на река Дошница ќе треба да се исечат 1000 хектари шума

Кристијан Алчинов од „Спас за нас“ во Отворено рече дека законот за хидроелектрани е склопен во полза на инвеститорите. Според него, за изградба на една хидроелектрана на реката Дошница ќе треба да

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос

Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја

САД ја прославија 249-годишнината од независноста во Скопје

Во Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Северна Македонија вечерва со свечен прием беше одбележан 4-ти јули – Денот на американската независност. Пред бројни гости, партнери и пријатели на САД, амбасадорката Анџела

Запленети околу 100 килограми марихуана во Струмица, лишени од слобода три лица

Во координирана акција на полицијата и Агенцијата за национална безбедност вчера во Струмица се запленети 100 килограми марихуана, а три лица се уапсени, соопштија денеска од МВР. Во соопштението се наведува дека

Ќостарова Унковска во Аргумент плус: Родителите на загинатите деца во Кочани се плашат од заборав

Клиничкиот психолог Лина Ќостарова Унковска во Аргумент плус рече дека трагедијата во Кочани е надвор од сите искуства. Според неа, родителите на загинатите деца не се плашат за нивните животи и за
Go toTop