Пет тинејџери обвинети за напад со нож врз бискуп во црква во Сиднеј

1 min read

ИСТАНБУЛ (АА) – Пет тинејџери се обвинети за прободување со нож на бискупот што се случи во црква во Сиднеј претходно овој месец, јавува Анадолу.

Австралиската полиција соопшти дека инспекторите спровеле 13 налози за претрес низ неколку предградија на Сиднеј вчера и уапсиле седум малолетни машки лица.

По увидот е соопштено дека се обвинети пет од нив, на возраст од 14 до 17 години, а за двајца не е поднесена никаква пријава.

Две од уапсените машки лица се товарат за „заговор за учество во подготовка или планирање терористички акт“, истакна полицијата.

Друго лице се товари за „носење нож на јавно место“, а двајца за „поседување насилен екстремистички материјал“, се додава.

На сите петмина им е одбиена можноста за кауција и денес треба да се појават во Детскиот суд.

На 15 април 2024 година бискупот Мар Мари Емануел беше избоден со нож додека држеше проповед во живо во црква во Вејкли, предградие на Сиднеј.

Шеснаесетгодишно момче беше уапсено, а полицискиот комесар во Нов Јужен Велс го означи инцидентот како „чин на тероризам“.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Брнабиќ утре ќе распише локални избори

Следно

Шеснаесет земји преку заедничка изјава побараа итно ослободување на заложниците во Газа

Latest from Blog