Пет лица каснати од кучиња за еден ден

January 11, 2023
1 min read

Дури пет лица вчера во полиција пријавиле дека биле нападнати од кучиња скитници на различни локации низ Скопје.

Најпрво во 08.00 часот во Полициската станица Карпош, В.И.(76) од Скопје пријавила дека на ул.„Иван Цанкар“ била касната од куче скитник. 

Потоа во 10.30 часот во Полициската станица Аеродром, Д.З.(62) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ бил каснат од куче скитник.

Следниот напад е регистриран во 12.10 часот во Полициската станица Аеродром, В.К.(71) од Скопје пријавил дека на ул.„Бојмија“ бил каснат од куче скитник.

Исто така, во 18.45 часот во Полициската станица Аеродром, А.М.(46) од Скопје пријавил дека на ул.„Тодор Чангов“ бил каснат од куче скитник.

Потоа во 19.30 часот во Полициската станица Центар, Ф.Р.(32) од Скопје пријавила дека во кругот на Комплекс клиники „Мајка Тереза“ била касната од куче скитник.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Учењето математика е чист комунизам

Следно

Во САД обновени домашните летовите

Latest from Blog

ФОТО: Невеш со емотивна објава се прости од Жота – „Животот нè спои и сега ништо не може да нè раздели“

Фудбалскиот свет сè уште е во шок по трагичната смрт на ѕвездата на Ливерпул и португалски репрезентативец, Диого Жота заедно со својот брат Андре го загуби животот во сообраќајна несреќа во четвртокот

АТС АММО: Пожарот во близина на Самоков целосно локализиран и изгаснат, без опасност по фабриката

Компанијата АТС АММО од Самоков, Македонски Брод, излезе со соопштение по повод денешниот пожар што избувна во близина на нивната фабрика. Од таму информираат дека пожарот бил целосно локализиран и веднаш потоа

Високи температури утре низ државата; портокалово предупредување од УХМР

Утре (недела, 6 јули 2025) се очекува стабилно, претежно ведро време со изразен пораст на температурата и активен портокалов аларм за екстремна горештина на целата територија на Македонија. Општинските служби советуваат ограничување

Израел ќе испрати делегација во Катар на преговорите за прекин на огнот во Појасот Газа

Израелски медиуми објавија дека Израел ќе испрати делегација во Катар која ќе преговара за ослободување на заложниците и прекин на огнот во Појасот Газа. Но, не е прецизирано кога израелската делегација ќе
Go toTop