Перез го напушта Ред Бул на крајот од сезоната во Формула 1

December 3, 2024
1 min read

Серхио Перез го напушта Формула 1 тимот Ред Бул на крајот од тековната сезона, објави денеска ЕСПН. Ветеранот е осми во поредокот кај возачите на само една трка до крајот на првенството.

-Ќе му дозволам на Чеко да донесе свои заклучоци. Никој не го тера на ништо. Очигледно, ситуацијата воопшто не е пријатна, коментираше шефот на Ред Бул, Кристијан Хорнер, цитиран од светските агенции.

Перез го обнови договорот за 2025 година, а во тимот може да остане и како амбасадор. Последната победа на Мексиканецот досега беше на трката за ГН на Азербејџан во 2023 година.

Серхио Перез е во Ред Бул од 2021 година, а забележа шест први места и 39 пласмани на подиумот.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Ирска: Владејачката коалиција го изгуби парламентарното мнозинство на парламентарните избори

Следно

Најстудено на Попова Шапка

Latest from Blog

Божиновска: Јавните згради ќе се реконструираат со европски стандарди

Министерката за енергетика и минерални суровини Сања Божиновска денеска оствари работна средба со Мелани Мелинвуд од Француската агенција за развој (AFD), на која беше отворен патот за реализација на Планот за реконструкција

Руски научници открија голема коронална дупка на Сонцето

На Сонцето се формира голема коронална дупка, според најновите податоци од Лабораторијата за сончева астрономија на Институтот за вселенски истражувања на Руската академија на науките и Институтот за соларно-терестријална физика, објавија денес

Петрушевски: Мафијашките притисоци и уцени на Заев и Филипче ја користеле државата и институциите за приватни цели

Сведоштвата на др. Жан Митрев ја разоткрија вистината за начинот на кој Заев и Филипче ја водеа државата. Притисоци, уцени и злоупотреба на институциите за лични интереси, рече на денешната прес-конференција пратеникот

Денеска е Собор на Свети Јован Крстител

Житие Со оглед дека главната улога на Свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и
Go toTop