Пензионери: До кога Трајковска ќе седи на претседателското столче?

September 18, 2024
1 min read

Ќе се бориме сè додека нашите барања не бидат целосно исполнети, децидни се дел од пензионерите, кои изминатиов период постојано на улица бараа линеарно зголемување на пензиите.

Тие во Студио 10 на 24 побараа достоинствен пензионерски живот, но ги повторија и нивните нови барања. Меѓу другото, бараат оставки од актуелното раководство на Сојузот на Здруженија на пензионери како и да се донесе нов Закон за пензионерите.

Претседателката на Сојузот на здруженија на пензионери, Станка Трајкова пак со контра став и  тврди дека нејзиниот мандат, кој впрочем е втор по ред е заслужен благодарение на огромните резултати изминатите години, додека таа е на оваа функција.

Освен времетраењето на мандатот, пензионерите бараат и покренување истрага за финансиското работење на Здружението, бидејќи, како што велат се сомневаат на незаконско работење и злоупотреба на службената должност. Трајкова ги демантираше ваквите обвинувања и истакна дека секој нејзин чекор за финансиското работење на Сојузот бил транспарентен и јавно достапен.

Инаку, во изминатиот период пензионерите ширум државата речиси секојдневно преку блокади и протести го искажуваа своето незадоволство и револтот од ниските пензии.

Извор: 24vesti.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

AUTO SHKOLLA BEKO

MATINA DENTAL CLINIC

Претходно

Турскиот претседател во Анкара го прими претседателот на полскиот Парламент

Следно

Србија и САД потпишаа Договор за стратешка соработка во областа на енергетиката

Latest from Blog

Еве кои трошат повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади

Финците потрошиле повеќе од милијарда евра на слатки и чоколади минатата година, покажуваат податоците на „С група“. Истовремено, се зголемила побарувачката за слатки на мерење, додека побарувачката за чоколада се намалила поради

Гвардиола: Кога ќе се пензионирам ќе патувам, ќе готвам и ќе седам дома

Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола, во очекување на дербито со Ливерпул, пред новинарите зборуваше и за своите планови по пензионирањето од тренерската кариера. „Сакам да почнам да готвам. Нема повеќе ресторани…

Хаос на аеродромите во САД: Повеќе од 700 летови откажани поради затворање на владата

Повеќе од 700 летови низ САД беа откажани денес, бидејќи Федералната администрација за авијација (FAA) продолжува да го ограничува капацитетот на летови на 40 од најголемите аеродроми во земјата поради затворање на
Go toTop