Пендаровски: Забрана за влез на европратеник и други бугарски политичари

January 23, 2023
1 min read

Најновиот развој на настаните во односите со Бугарија бил во фокусот на денешната седница на Советот за безбедност на Република Северна Македонија, изјави по средбата шефот на државата Стево Пендаровски.

Советот за безбедност со предлог до владата да се забрани влез во земјава на еден европратеник и неколку други лица. Според претседателот Пендаровски постојат сомневања дека дел од овие лица се поврзани со руската разунавачка служба.

Тој рече дека се очекува на 4. февруари организирана група да пристигне во земјава на одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев. Групата ќе има за цел нарушување на безбедноста со цел дестабилизација на земјата и на односите со Бугарија. Претседателот рече дека ќе бидат преземени сите потребни безбедносни мерки од границата, се до гробот на Гоце Делчев.

-Според достапните анализи и сознанија на надлежните органи се работи за органзирани активности од стана на структури во соеседна Бугариј кои се активирани особено по усвојувањето на европската преговарачката рамка во јули, минатата година. Истите овие структури, се веќе мобилизирани и логистички и финансиски за да го поддржат организраното доаѓање во Скопје на повеќе лица на 4 февруари кога го одбележуваме денот на раѓањето на Гоце Делчев. Сопоред сите проценки тоа ќе биде настан од висок безбедносен ризик и надлежните органи несмеат нема да бидат само  неми набњудфувачи на тоа што ќе се случува, рече Пендаровски.

На седницата шефот на дипломатијата реферирал за посетата на Украина одржана во својство на претседавањето на Република Северна Македонија со ОБСЕ, чиј главен приоритет ќе биде токму војната во оваа земја. За состојбата во Косово реферирала министерката за одбрана Славица Петровска и началникот на ГШ, каде наши војници се дел од мисијата на КФОР

На седницата, како што информираат од Кабинетот на Пендаровски, покрај членовите на Советот за безбедност, присуствуваа и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, директорот на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошевски и началникот на Генералштабот на Армијата генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ДОЖДОТ НЕМА ДА ПРЕСТАНЕ ЦЕЛА НОЌ – од УХМР најавуваат и снег вечерва, еве каде!

Следно

Алвес од безбедносни причини префрлен во друго притворско одделение

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop