Патрик Клајверт повеќе не е селектор на Индонезија

October 16, 2025
1 min read

Патрик Клајверт повеќе не е селектор на репрезентацијата на Индонезија. Менаџментот на федерацијата се одлучи да му каже благодарам на легендарниот холандски фудбалер, а сега тренер, откако тој не успеа да ги постигне посакуваните резултати со тимот.

Клајверт стана селектор на Индонезија на почетокот на оваа година и потпиша двегодишна соработка. Сепак, резултатите не се очекуваните, земјата очекуваше успех во квалификациите, и конечно пласман на еден голем турнир, што не се случи.

Иако Индонезија за прв пат под негово водство стигна до четвртото коло од азиските квалификации, надежите беа уништени минатата недела. Поразите од Саудиска Арабија и Ирак ги уништија соништата на Индонезија да игра на своето прво Светско првенство.

Неговата судбина беше запечатена со пораз од 1-0 од Ирак во Џеда во саботата. Индонезиската фудбалска асоцијација не губеше време и веднаш се согласи да го раскине договорот на тренерот Клајверт со заедничка согласност.

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

ЛОКАЛНИ ИЗБОРИ 2025

Претходно

Двојни аршини во Битола?

Следно

Бериша побара „Резолуција за српскиот геноцид Косово“

Latest from Blog

Официјалната истрага утврди дека подморницата „Титан“ имплодирала поради лоша конструкција

Во несреќата загинаа сите пет лица на подморницата, вклучувајќи го и директорот на „Оушенгејт“, Стоктон Раш. Според извештајот на Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (NTSB), процесот на развој на инженерството на

Вучиќ: Србија е заинтересирана за руската вакцина против онколошки заболувања

„Србија е заинтересирана за овој најнапреден вид терапија и потенцијалната соработка во оваа област со нашите руски партнери претставува огромен чекор кон подигнување на стандардите за дијагностика и лекување во нашата земја“,

ФИФА: На САД и на претседателот Трамп е да одлучат околу градовите домаќини на Мундијалот

Претседателот на САД, Доналд Трамп неделава изјави дека многу лесно може да се случи, тој лично да донесе одлука да бидат променети градовите домаќини на претстојниот Мундијал 2026 година на кој што

Хамас го обвини Израел за кршење на примирјето

Висок функционер на Хамас го обвини Израел за кршење на примирјето, велејќи дека израелските сили убиле најмалку 24 лица во вооружени инциденти од петокот, додавајќи дека список на такви прекршувања им е
Go toTop