Бериша побара „Резолуција за српскиот геноцид Косово“

October 16, 2025
1 min read

На денешната пленарна седница на албанско Парламент, покрај барањето за разрешување на првиот парламентарец, Нико Пелеши, што беше отфрлено, лидерот на Демократска партија, во име на опозицијата, побара донесување „Резолуција за осуда на српскиот геноцид во Косово“.

– Да го негираш српскиот геноцид на Косово, да ја негираш совеста на својата нација, значи да бидеш без совест, тоа е надвор од секој концепт. Како можеш да ја трансформираш својата крв, а во твоите семејства имаш луѓе кои паднале за татковината. Може ли Албанец да гази на оваа крв? Зошто го правите ова, затоа што вашиот лидер (Еди Рама) е аргат на Вучиќ, тој е слуга на Вучиќ, рече Бериша од говорницата.

Додавајќи дека стануваат соучесници во злосторството, на социјалистите им порача „мора да се спротивставите на геноцидот, убивањето од етнички причини е геноцид“.

Одговарајќи му, координаторот на пратеничката група на Социјалистичката партија, Таулант Бала, рече дека „сè што доаѓа од Бериша за Косово никогаш не било и никогаш нема да биде за добро“.

-Ништо што доаѓа од Бериша и кога станува збор за Косово никогаш не било и никогаш нема да биде за добро. Вашата одлука да го бојкотирате протестот во поддршка на ОВК е едноставно потврда за вашите ставови и дејствија против интересите на Косово. Прашувам зошто српските навивачи го скандираа името на Бериша на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија? Се знае затоа што Сали е добар српски зет, тој добро ѝ служел на Србија секогаш кога имал можност, рече Бала.

Сопругата на Бериша, Лирија (Лири) Бериша, претходно Слободанка, е ќерка на Реџеп и Милица Рамај. Реџеп бил Албанец, со потекло од Црна Гора, и оженет со Милица Булатовиќ. Во 1990 година го сменила името Слободанка, што во превод на албански значи Лири(ја). Го модифицирала во Милика и името на нејзината мајка, Милица, за разлика од нејзиниот брат Агим Рамај, на чиј извод од матичната книга на родени кај графата мајка стои Милица. 

Извор: vecer.mk

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Патрик Клајверт повеќе не е селектор на Индонезија

Следно

Интервју со Дејан Митески за Булевар.мк: Аеродром ќе биде општина што дише – зелена, чиста и насочена кон младите

Latest from Blog

Божиновска: Поддршка за средношколците кои создаваат решенија за зелена иднина

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска најави поддршка и покровителство од страна на Министерството за Националниот натпревар за најдобар бизнис концепт за зелени иновации наменет за средношколци. Божиновска ја

Општина Битола: 500 ученици во знак на спортот и здравиот живот

Околу 500 ученици од основните и средните училишта во Битола денеска учествуваа на „Есенскиот крос“, кој се одржа во Градскиот парк во Битола. Масовниот спортско-рекреативен настан им овозможи на учениците да се

Започнува Евролигата: Sвезда го пречекува Жалгирис, шампионот гостува во Баскија (Фото)

Најквалитетната кошаркарска лига во Европа вечерва ќе го има својот старт, а интересно, првиот меч снема да се одигра на „старион континент“, туку во Азија. Дубаи во „Кока Кола Арената“ ќе го
Go toTop