Патнички воз се излизга од шините на линијата Зајечар-Неготин, нема повредени

March 6, 2023
1 min read

Според извештаите, на станицата Трнавац патнички воз кој сообраќал од Прахов кон Зајечар додека тргнувал од третата пруга со една од оските излетал од шините

Патнички воз денеска околу 11 часот се излизгал излетал од шините на линијата Зајечар – Неготин кај селото Трнавац во источна Србија, јави Радио телевизија Србија (РТС).

Надлежните за железничката инфраструктура на Србија соопшптиле дека нема повредени, а немало ниту прекин во сообраќајот/Фото: Принтскрин

Според српскиот национален сервис во инциднетот нема повредени, а надлежните за железничката инфраструктура на Србија соопштиле дека немало прекини во сообраќајот.

Според извештаите, на станицата Трнавац патнички воз кој сообраќал од Прахов кон Зајечар, додека тргнувал од третата пруга, со една од оските излетал од шините.

„При ова излетување од шините нема повредени, нема превртени вагони или оштетување на пругата, а железничкиот сообраќај на оваа делница не е во прекин“,

навеле надлежните служби.

На местото веднаш бил упатен помошен воз за расчистување на последици од вонредни настани, со цел возот што поскоро да се врати на шините.

Во последните неколку месеци имаше неколку излизгувања на возови од шините во Србија, од кои најголеми проблеми предизвика превртувањето на вагон-цистерните со амонијак кај Пирот.

Инцидентот кај Пирот се случи на 25 декември поради што над 50 лица беа хоспитализирани поради симптоми на труење, а на жители на околните населени места им беше сугерирано да не ги напуштаат своите домови.

На 27 јануари оваа година, пак две вагон-цистерни со фосфорна киселина се излизгаа од шините во градот Зајечар во источна Србија. Двете цистерни кои се излизгаа беа дел од товарен воз кој има дванаесет вагони, а се излизгаа осмиот и деветтиот вагон од локомотивата.

Три дена претходно на 24 јануари три вагон цистерни со пропилен (гас што најчесто се користи како гориви) излеатаа од шините во близина на Суботица, на северот на Србија.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Аеродром ќе добие фотоволтаична постројка за полнење електрични тротинети

Следно

Германските власти разоткриле руска хакерска банда

Latest from Blog

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:

Силен земјотрес во близина на Закинтос

Во морскиот дел југозападно од грчкиот остров Закинтос беше регистриран земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтер, а не се пријавени повредени лица или причинета материјална штета, јави дописничката на МИА

ОН: Израелското ограничување на влезот на хуманитарна помош во Газа „загрозувачко по живот“

ХАМИЛТОН (АА) – Обединетите нации (ОН) денес предупредија дека израелските ограничувања за влез на хуманитарната помош во Појасот Газа, вклучително и испораката на гориво, ставаат во опасност безброј животи, јавува Анадолу. „Ваквите
Go toTop