Папата Франциск ги повика властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море

March 5, 2023
1 min read

Папата Франциск ги повика денеска властите да ги спречат шверцерите со мигранти во Средоземното Море и изразија жалење за минатонеделниот бродолом со мигранти кај италијанскиот брег во кој загинаа десетици луѓе.

„Го повторувам мојот апел да не се случуваат вакви трагедии повторно. Нека бидат спречени шверцерите со луѓе“, рече папата во неговото неделно обраќање до собраните луѓе на плоштадот „Свети Петар“.

Локалните власти соопштија дека досега се извлечени 70 тела по бродоломот кај италијанскиот брег. Мигрантите тргнале од Турција кон Италија, а биле од Авганистан, Пакистан, Иран, Сомалија и Сирија.

Околу 80 мигранти преживеаја откако бродот се распадна и потона во разбрануваното море во близина на одморалиштето Стекато ди Кутро во источна Калабрија. Се проценува дека на бродот имало околу 200 луѓе. Тројца осомничени шверцери со мигранти беа уапсени оваа недела и обвинителите почнаа да го истражуваат начинот на кој службите за итни случаи одговориле на катастрофата, по обвинувањата дека властите бавно реагирале.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MARKETING

Претходно

Мирниот собир во Атина поради железничката несреќа прерасна во судир меѓу демонстраните и полицијата

Следно

Детали за страшната трагедија во Нови Пазар: Четири деца загинаа во пожар

Latest from Blog

Нил Јанг во новата песна го навредува Трамп и повикува „да се исчисти Белата куќа“ (ВИДЕО)

„Не ни требаат фашистички правила, не сакаме фашистички училишта и војници на нашите улици“, рече Јанг, објави CBC. Пејачот е сè уште витален на 80-годишна возраст и моментално е на турнеја низ

Дете било нападнато од ајкула на позната плажа- со хеликоптер итно бил однесен во болница

Инцидентот се случил вчера, а состојбата на момчето засега е непозната, објавува ABC News. Властите ги известиле крајбрежната стража на САД и Комисијата за заштита на рибите и дивите животни на Флорида

Полициска акција кај Вардариште – СВР Скопје и ОЈО на терен

Обемна полициска акција на СВР Скопје во соработка со Јавното обвинителство, потврдуваат извори за ТВ21. Акцијата се одвива во отпадите во близина на Вардариште, каде што полициски службеници разговараат со дел од

Путин и Лукашенко се сретнаа во Пекинг

Резултатот од заедничката работа меѓу Русија и Белорусија е очигледен, вклучително и во однос на економскиот раст, изјави денес рускиот претседател Владимир Путин за време на средбата со белорускиот лидер Александар Лукашенко

ОЈО ГОКК најавува дека детално ќе ги испита наводите за незаконско следење на комуникациите

По насоки на државниот јавен обвинител Љупчо Коцевски, Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција оформи предмет во кој се преземаат дејствија на проверки на наводите за следење на
Go toTop