Папата Франциск денеска ја водеше мисата за Цветници откако вчера излезе од болница

April 2, 2023
1 min read

Папата Франциск денеска присуствуваше на мисата за празникот Цветници на плоштадот Св. Петар, само еден ден откако беше отпуштен од болница по успешното закрепнување од инфективен бронхитис, јави Хина.

Папата се возеше во задниот дел на неговиот папамобил со отворен покрив и со него мина низ толпата, пред да се симне и да ја отвори богослужбата од огромен покриен подиум во близина на древниот египетски обелиск.

Папата (86) во средата беше примен во римската болница Гемели откако се пожалил на тешкотии со дишењето, но брзо закрепна по инфузијата со антибиотици и веќе вчера се врати во својата резиденција во Ватикан.

Верскиот празник Цветници го означува почетокот на Големата недела која оваа година според Грегоријанскиот календар трае до Велигден, на 9 април.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателски избори во Црна Гора: Милатовиќ сигурен во своја победа, Ѓукановиќ најавува ново време

Следно

Двајца македонци кандидати за градоначалник на општина Пустец, партијата на Македонците пред згаснување

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop