Пад на оценката на Фридом Хаус за земјава

April 11, 2024
1 min read

Македонија е „цикличен хибрид“ заедно со Црна Гора во однос на правото и борбата со корупција. Фридом Хаус го објави годинашниот извештај за земјите од целиот свет. Транзициски, „цикличен хибрид“ е систем во кој смената на власта и елитите оневозможува да се донесат клучни структурни промени, односно реформи.

Македонија назадувала во демократијата.

„Рејтингот за судска рамка и независност се намали од 3,25 на 3,00 поради лошото работење на Државниот судски совет и наводите за непотизам при именувањата на обвинители и судии“, се вели во извештајот.

Се додава и дека рејтингот за корупција се намалил од 3,25 на 3,00 поради голем број наводи за корупција против високи функционери, како и поради измените во Кривичниот законик со кои се намалија казните за корупција и доведоа до отпуштање на случаи против поранешни и сегашни владини функционери.

Како резултат на тоа, збирната оценка за демократија на Македонија се намали од 3,86 на 3,79. Процентот на демократија изнесува 46,43 проценти.

Фридом Хаус нваедува дека „судството и понатаму е една од најкритикуваните и најнедоверливи институции во Македонија“. Извештајот ги споменува контроверзите околу смената на лидерот на Советот на судии, но и други скандали.

„Дополнително, назначувањето на нови обвинители и судии со семејни врски со истакнати политичари ги зацврсти перцепциите на јавноста за непотизам во судството“, се вели во анализата.

Извештајот се осврнува и на поголемите корупциски скандали во изминатите години како што е скандалот со клиниката на Онкологија, пожарот во модуларната болница во Тетово и други скандали.

Се спомнува и воведувањето на измените на Кривичниот законик која била „рационализрана“ со процедура во која се користи европското знаменце, а овие измени, според Фридом Хаус, биле „неочекувани“ и предизвикале јавен бес кај домашната јавност.

Фридом Хаус забележува дека во Македонија има зголемена политичка тензија меѓу власта и опозицијата поради уставните измени и бугарското вето, но дека таа теннзија почнала уште од усвојувањето на Преспанскиот договор од 2018 година.

„Слободата на изразување генерално се почитува, но медиумскиот пејзаж останува значително фрагментиран, вклучително и по етничка линија. Новинарите, особено оние кои известуваат за корупција и злоупотреба на власта, продолжуваат да се соочуваат со малтретирање и други предизвици“, се вели во извештајот.

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ни доаѓаат два големи празници пред Велигден- ова се обичаите

Следно

Премиерот Туск: Полска не го прифаќа законот на ЕУ за прераспределба на мигранти

Latest from Blog

27 годишен маж од Ресен уапсен – возел без возачка дозвола и со 2.38 промили алкохол во крвта

На 18.05.2025 во 02.18 часот, полициски службеници од ОВР Ресен го лишија од слобода Д.К.(27) од с.Јанковец, ресенско. При сообраќајна контрола во с.Јанковец е сопрено патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки,

Седумдесет и пет години од раѓањето и 50 години од објавувањето на првата книга на Раде Силјан

Седумдесет и пет години од раѓањето и половина век од објавувањето на првата книга на еден од најзначајните современи македонски поети, Раде Силјан се чествуваат и во Србија. По повод значајните јубилеи,

Самитот во Тирана и напредокот на Албанија, Црна Гора и Молдавија се доказ дека Европа и тоа како ја интересира проширувањето

Дури и да се земе како точно дека и Северна Македонија, како и Албанија, заедно чекорат кон ЕУ, но нашата земја веќе две години гледа во грбот на Албанија и Црна Гора

Јубилеен 10-ти пат урбаните моторџии низ скопските улици во знак на борбата за заштита на машкото здравје

Урбаните моторџии денеска по 10-ти пат ќе продефилираат низ скопските улици во знак на борбата против ракот на простатата и подигањето на свеста за машкото здравје.  Облечени во стандардниот дрес код –
Go toTop