„Означувањето на обвинителот на МКС за ‘антисемитист’ е неприфатливо“

1 min read

АНКАРА (АА) – Означувањето на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд (МКС) за антисемитист е неприфатливо, соопшти денес високиот претставник на Европската Унија (ЕУ) за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, пренесува Анадолу.

„Мора да ја почитуваме работата на оваа институција и да дозволиме судот без застрашувања да одлучи што мисли за оваа иницијатива“, изјави Борел пред состанокот на Советот за надворешни работи на ЕУ во Брисел.

Тој повика на почитување на работата на МКС и истакна дека институцијата е силно заплашена и обвинета за антисемитизам.

„Мислам дека обвинувањето за антисемитизам на обвинителот на Меѓународниот кривичен суд е целосно неприфатливо“, нагласи Борел.

Обвинителот на МКС, Карим Хан, на 20 мај побара од судот да издаде налози за приведување на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и на министерот за одбрана Јоав Галант, наведувајќи разумни причини за увереност дека сносат кривична одговорност за воени злосторства и злосторства против човештвото.

Нетанјаху тврди дека барањето за налог за приведување е нов облик на антисемитизам што се преселил од универзитетските кампуси во МКС.

Борел додаде дека меѓународанта заедница мора да бара спроведување на одлуката на Меѓународниот суд на правдата (МСП) – највисок суд на Обединетите нации со седиште во Хаг, Холандија.

„Она што веднаш го забележавме е дека Израел продолжува со воената акција за која е побарано да се запре. Утринава повеќе до 30 луѓе се убиени во напад на бегалски камп“, додаде Борел.

Високиот претставник на ЕУ додаде дека во текот на состанокот во Брисел предложил повторно воведување на мисијата на цивилен граничен систем во Рафа.

„Од нас е побарано да ја активираме оваа мисија и мора да дадеме одговор со сите што се вклучени. Таму нема да одиме без силна посветеност од палестинската власт“, објасни Борел.

Израел продолжува со својата брутална офанзива во Појасот Газа и покрај резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации (СБОН) со која се бара итен прекин на огнот.

Во Газа се убиени околу 36.000 Палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 80.600 се ранети од октомври минатата година во услови на масовно уништување и голем недостиг на храна, чиста вода и лекарства.

Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата (МСП), кој во последната пресуда нареди Тел Авив веднаш да ја прекине операцијата во Рафа, град во јужниот дел на Газа, во кој засолниште побараа повеќе од еден милион раселени Палестинци.

И покрај тоа, израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмален интензитет, а испораката на хуманитарна помош не е доволна за решавање на хуманитарната катастрофа.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Косово доби статус на придружна членка во Парламентарното собрание на НАТО

Следно

До четврток нестабилно со услови за невреме, викендот натпросечни температури

Latest from Blog