Осум лица загинаа во пожар во подрачјето на Москва

1 min read

МОСКВА (АА) – Осум лица загинаа во голем пожар во универзитетскиот град Фрјазино, на 25 километри од Москва, соопшти Министерството за вонредни состојби на Русија, јавува Анадолу.

„Две лица загинаа скокајќи од прозорец за да избегаат од пожарот. Шест од нив загинаа внатре каде што беше вистински колапс“, се вели во соопштението.

Подоцна Министерството соопшти дека при расчистувањето на урнатините биле пронајдени тела на четири лица.

Пожар избувнал синоќа во индустриската зона за производство на електроника. Пожарникарите спасиле едно лице, но уште девет останале заробени во зградата во која се сместени канцелариите на педесетина компании.

При пожарот дошло до експлозија, а според првичните податоци експлодирала плинска боца.

Пожарот зафатил три ката со вкупна површина од над 5.000 квадратни метри, со ризик да ја зафати цела зграда.

Во гаснењето на пожарот учествувале повеќе од 135 лица, 55 возила и два хеликоптера. На местото на настанот работеле 16 екипи на итна помош.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.

Извор: Anadolu Agency (AA)

Претходно

Што се случи во Дагестан и зошто?

Следно

Детето Буда осуден поради сексуална злоупотреба на деца

Latest from Blog