Осум лица загинаа во пожар што избувна во прифатилиште за бездомници во Брно, Чешка

May 4, 2023
1 min read

ПРАГА (АА) – Осум лица ги загубија животите во пожар што избувна во прифатилиште за бездомници во Брно, вториот по големина град во Чешка, известува Анадолу.

Портпаролот на полицијата, Павел Сваб, за печатот изјави дека пожарот избувнал доцна синоќа во областа Комаров во подрачјето на Брно, во прифатилиште во кое претежно живеат бездомници.

Сваб информираше дека за несреќата во која загинале 8 лица е започната голема истрага и додаде дека постои сомневање дека пожарот можеби е подметнат од друг бездомник.

Локалните медиуми објавија дека медицинските тимови не пронашле никој друг што е погоден од пожарот, освен оние кои ги загубиле животите на местото на несреќата.

Премиерот Петр Фиала на социјалната мрежа Твитер им изрази сочувство на роднините на загинатите, истакнувајќи дека инцидентот претставува голема трагедија.

Градоначалничката на Брно, Маркета Ванкова, исто така сподели порака со сочувство, истакнувајќи дека се истражува секој аспект за откривање на причината што го предизвикала овој трагичен настан.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

MARKETING

MARKETING

Претходно

Претседателот Пендаровски одбил да ги помилува Катица Јанева, Владимир Панчевски и Сеад Кочан

Следно

56-годишник нападнат од двајца малолетници кај Кале

Latest from Blog

Сојузот на здруженија на лозари бара плаќање на грозјето според шеќерни единици, инспекции кај откупувачи, субвенции за модернизирање за намалување на трошоците за производство

„По објавувањето на цените за килограм грозје, иако овие цени се највисоки досега, револтот кај лозарите е очигледен, бидејќи овие цени не соодветствуваат со трошоците за производство на килограм грозје. Цените на

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро
Go toTop