Осуденикот кој избега сам си ја расекол раката

January 14, 2023
2 mins read

Судот им определи мерка притвор од осум дена на командирот и двајца затворски полицајци, за кои постои основано сомнение дека  како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на осуденикот Беким Мемети да избега од КПД „Идризово“.

Надлежен јавен обвинител од Специјализираното одделение за гонење на кривични дела сторени од лица со полициски овластувања и припадници на затворската полиција при Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, во текот на вчерашниот ден, постапувајќи по кривичната пријава поднесена од страна на Министерството за внатрешни работи, презеде истражни дејствија против четворица припадници на затворската полиција, за како што инфомираат од Обвинителство, основано сомнение дека осомничените – командир на надворешно обезбедување и тројца затворски полицајци вработени во КПУ Затвор „Идризово“ сториле кривично дело „Противзаконито ослободување на лице лишено од слобода“ од чл. 373 в.в чл. 22 од Кривичниот законик.

– Осомничените, по претходни насоки на првоосомничениот- командир, како службени лица, со умисла, преземајќи и непреземајќи дејствијата што биле должни да ги преземат му помогнале и му овозможиле на осуденикот Беким Мемети да избега. Притоа ги повредиле сите процедури за спровод на осуденик кој издржува затворска казна за потешко кривично дело до здравствена установа. Па така, откако осуденикот се самоповредил расекувајќи ја левата дланка и бил преврзан во домската амбуланта, не побарале лекарска интервенција од брзата помош, за да се утврди дали повредите може да се санираат на лице место, туку по препорака на осудено лице, работно ангажирано во амбулантата, пристапиле кон дејствија самоиницијативно да го однесат повредениот во Ургентен центар. Иако процедурите налагаат доколку осуденикот треба да се третира во здравствена установа, затворската служба да побара асистенција од Министерството за внатрешни работи и возилото за спровод на осуденикот да биде придружувано од полициска патрола, тие не го сториле тоа што претходно било случај кога истото осудено лице било спроведувано до одредена здравствена установа, се вели во соопштението од Обвинителство.

Како што е веќе познато, осудениот Беким Мемети откако на ден 12 јануари 2023 година во ноќните часови се самоповредил, првоосомничениот – дежурен командир наредил кои затворски полицајци да го спроведат осуденикот во здравствена установа и кој каде да седи при спроводот. Па така, надвор од правилата, осуденикот бил сместен во средишниот дел на возилото. Второосомничениот дал насока за рутата и возилото се упатило кон Скопје преку автопатот од Петровец кон Скопје. Кога се приближиле до бензинска пумпа на Лукоил, второосомничениот кој седел помеѓу осуденикот и третоосомничениот, започнал да се преместува и свесно му овозможил на осуденикот да го искористи моментот и со лисици на рацете да успее да му го земе службениот пиштол од закопчаната футрола. Третоосомничениот, кој патем бил без оружје, иако сето тоа го следел не презел никакво дејствие за да го спречи осуденикот да го репетира пиштолот и да започне да пука низ возилото барајќи да го сопрат возилото, при што го повредил возачот и возилото застанало, а осуденикот ја отворил вратата, излегол од комбето и се качил во сиво Ауди кое во меѓувреме застанало пред затворското комбе.

Предметниот обвинител заради непречено водење на кривичната постапка, на судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје му предложи на тројца осомничени да им биде определена мерка притвор, додека на четвртоосомничениот да му бидат изречени мерки за обезбедување. Судијата го прифати предлогот на обвинителството и на осомничените со решение им определи мерка притвор во траење од 8 дена, а на четвртоосомничениот му изрече мерки на претпазливост забрана за напуштање на живеалиште/престојувалиште и привремено одземање на патна или друга исправа за преминување на државната граница.

Обвинителството продолжува да ги истражува причините и мотивите кои доведоа до овој кривично правен настан. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Аргентински фудбалер застрелан во глава во кафуле во Росарио

Следно

ВМРО-ДПМНЕ: Власта ја призна вината, МВР ја препушта на министерството за правда, командирот на кого му избега убиецот важи за близок до Спасовски

Latest from Blog

Проданоски: Прилеп повторно достоен домаќин на меѓународен карневал

Прилеп во изминатите два дена беше во знакот на традицијата, радоста и заедништвото, одбележувајќи значаен двоен јубилеј – 25 години од Карневалот „Прочка“ и 100 години од „Прилепски мечкари“. Градоначалникот Дејан Проданоски

Аеродромите во Москва привремено затворени за сообраќај поради напад со дронови

 – На аеродроми Внуково, Домодедово, Жуковски и Шереметјево воведени се привремени ограничувања за пристигнување и заминување на авиони. Ограничувањата се неопходни за да се обезбеди безбедноста на летовите, се вели во соопштението

КОЛУМНА НА ЈАНЕВСКИ: Како поради Панче Тошковски и Весна Јаневска станавме нација со дебели стомаци!?

Стресот е лоша работа. Не личи за вакви редови, ама вистинскиот збор е дека е „заебана“ работа. Го зголемува кортизолот, а тој е врзан со адреналинот и ако не го потрошиш, ти

Нема зима без загаден воздух во Тетово – греењето „на сè и сешто“ и сообраќајниот хаос се децениски причини за аерозагадувањето

Ако нема итна промена на навиките, нема да има чист воздух во Тетово. Сè додека се затоплуваат домовите со сè и сешто, со часови има сообраќаен метеж и трае експанзијата на градежништво

Николо Ровела со долга пауза пред него

Играчот од средниот ред на Лацио, Николо Ровела се соочува со долга пауза затоа што на вчерашниот домашен дуел на тимот против Каљари на гостински терен во рамките од новото Серија А
Go toTop