Како почвата влијае врз раниот раст и развој на растенијата? – 80 ученици искуствено научија

November 27, 2026
1 min read

Ова беше училишниот истражувачки предизвик што со задоволство прифатија да го истражат и одговорат дури 80 ученици од 8 основни училишта од различни делови на Македонија!

Под менторство на 8 наставници, тие самостојно истражуваа како различните почвени мешавини влијаат врз растот и развојот на растенијата. Поставуваа експерименти, ги следеа и мереа промените, собираа и анализираа податоци – и така искусија како изгледа вистинскиот процес на научно истражување!

Резултатите ги претставија во саботата (21 ноември), за време на настанот „Месец на науката“, преку истражувачки постери и усни презентации. И не само тоа! Ги споделија и своите забелешки и заклучоци, ги споредија резултатите со останатите учесници и одново ни го потврдија она што го гледаме секојпат преку Мрежата за искуствено учење (МИУ) – кога учат преку истражување, децата се бескрајно љубопитни, заинтересирани за науката, полни ентузијазам и неверојатно креативни!

Големо браво за сите ученици од ООУ „Раде Кратовче“ – Кочани, ООУ „Киро Глигоров“ – Скопје, ООУ „Ванчо Китанов“ – Пехчево, ООУ „Петар Поп Арсов“ – Скопје, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ – Ранковце, ООУ „Толи Зордумис“ – Куманово, ООУ „Кирил и Методиј“ – с. Ораовица, Радовиш и ООУ „Тоде Хаџи Тефов“ – Кавадарци, но и за нивните наставници-ментори кои ги водеа и поддржуваа во текот на целиот истражувачки процес!
А ако сакате да учествувате во следниот истражувачки предизвик, следете нè – оти ќе има уште! – порачуваат од Македонското еколошко друштво.

Извор: nezavisen.mk

Целиот текст прочитајте го тука

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП – Го спомена и Хитлер!

Latest from Blog

ЗЕЛЕНСКИ СО ОСТАР КОМЕНТАР КОН ТРАМП – Го спомена и Хитлер!

Володимир Зеленски изрази длабока фрустрација кон САД, критикувајќи го Доналд Трамп што го нарече Владимир Путин „мој пријател“ и истакнувајќи дека доцнењето во испораката на клучни противбалистички ракети чини човечки животи во

Грозданов: Екоактивистите шират страв од рудниците, потребна е дебата заснована на факти

Рударскиот проект Иловица-Штука повторно предизвикува полемики во јавноста. Во својата најнова колумна, насловена „Утопија или еко активизам“, објавена на 27 ноември, Виктор Грозданов упати остри критики кон противниците на отворањето на рудникот,

Општина Прилеп: На 19 декември голема прослава за Свети Никола со традиционална трпеза и музички спектакл

Општина Прилеп, заедно со годинашните домаќини на градската слава, ги привршува подготовките за одбележувањето на патрониот празник Свети Никола, кој традиционално се слави на 19 декември и претставува еден од најзначајните духовни

Македонски успех на европската технолошка сцена: Spiderlook избран меѓу стартапите на месецот

Македонскиот стартап Spiderlook доби меѓународно признание откако полската платформа Vestbee го вклучи меѓу шесте перспективни европски стартапи во својот избор за ноември 2026 година. Во објавата од 24 ноември, Spiderlook се најде
Go toTop