Особини на емоционално интелигентните луѓе

June 18, 2024
1 min read

Емоционалната интелигенција често се наведува како една клучна вештина за професионален успех, но се чини, исто толку е важна и во љубовта и односот кон партнерот воопшто.

Кенди Виенс е авторка на книгата „Имунитет против исцрпеност: Како емоционалната интелигенција може да Ви помогне да изградите отпорност и да ја залечите Вашата врска со работата“ (Burnout Immunity: How Emotional Intelligence Can Help You Build Resilience and Heal Your Relationship with Work). Таа посочува четири признаци за тоа дека една личност е емоционално интелигентна. Следи појаснување за секој од нив.

„Здрави“ конфликти и судири

Надминувањето непријатни случки и конфликти со емоционално интелигентна личност, значи дека Вие и партнерот / партнерката не ги избегнувате кавгите и проблемите. Караниците коишто се остават нерешени, на крајот се претвораат во гнев и „експлозија“ од лоши зборови што неретко причинуваат и непоправлива штета.

Партнерот кој се впушта во „здрав судир“ не е несклон кон конфликти и не е пасивно-агресивен. Тој / таа не доминира во разговорот, не го напаѓа другиот и не користи навредлив јазик или однесување. Тие луѓе може да се налутат, па дури и да се развикаат, но брзо се смируваат и ја преземаат одговорноста за улогата што ја имале во кавгата. Способни се и да се извинат кога тоа е потребно.

Управување со емоциите на здрав и продуктивен начин

Способноста да се насочат сопствените емоции не значи – да се потиснуваат или негираат своите чувства. Напротив, ова значи способност да се толерираат негативните емоции и стресните искуства без да се реагира импулсивно. Умешното смирување по вознемирувачко искуство – е клучна компонента на емоционалната интелигенција и во здравите врски.

Дозволи ѝ / му да биде она што навистина е!

Емоционално интелигентните партнери не гледаат „закана“ во меѓусебните разлики и не бараат ексклузивно внимание. Тие не очекуваат од другиот да биде совршен /-а, или да се менува за да му угоди на другиот во врската или да се приспособи на неа / него, на неговите или нејзините афинитети, претпочитања и интереси, па дури и на она што не ѝ / му се допаѓа. Тие ги почитуваат Вашите интереси, граници и желбата да ги правите работите сами, на пр. – да се гледате со своите пријатели, да негувате свое хоби или едноставно да уживате во своето време сами.

Емпатија

Можеби една од клучните одлики на емоционалната интелигенција е емпатијата, којашто е од суштинско значење за градење доверба и однос со партнерот, дури и кога двајцата не се согласуваат. Може да се изрази во различни случаи, а тоа како особина добро се препознава, на пр. ако партнерот поставува прашања и покажува интерес за другиот во врската.

Извор: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

ВИДЕО: MC Стојан приведен од полицијата во Хрватска

Следно

Земјотрес со јачина од 4,3 степени во Бугарија

Latest from Blog

Внатрешната контрола на МВР расчисти случај во Прилеп со пајак возило

По денешната објава на социјалните мрежи за наводно непрофесионално постапување од страна на полициски службеници во Прилеп во врска со констатиран сообраќаен прекршок, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди

„Марш за ангелите“ во Кочани: Родителите на 62-те жртви од ноќниот клуб „Пулс“ повторно чекорат против тишината на институциите

Речиси четири месеци по најсмртоносниот пожар во историјата на земјата, Кочани вечерва ќе ги пречека родителите и блиските на загинатите на дванаесеттото протестно движење, симболично наречено „Марш за ангелите“. Маршот, организиран од

Зголемена фреквенција на возила на ГП „Табановце“, за влез и излез од државата се чека околу 40 минути

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, а интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен. Поради зголемена фреквенција на возила на ГП Табановце времето
Go toTop