Претседателката на Косово, Вјоса Османи денеска во Вашингтон ќе се сретне со високиот претставник на Стејт департментот за европски и евроазиски работи Луис Л. Боно.
Боно ја презеде должноста на 20 јануари, откако Доналд Трамп го почна вториот претседателски мандат.
Тој неодамна беше висок советник за преговорите во Кавказ.
Посетата на Османи на Стејт департментот е два дена по изјавата на американскиот пратеник за посебни мисии Ричард Гренел оти на САД им требаат сигурни партнери на Балканот, а Владата на Албин Курти тоа не е.
Извор: kurir.mk