Орсато извиси, УЕФА му го додели финалето на Летексие

1 min read

Европската куќа на фудбалот реши да му укаже доверба на Франсоа Летексие за финалето на Европското првенство и пресметката помеѓу Шпанија и Англија.

Континенталниот собир во Германија финишира во недела со дуелот помеѓу Шпанија и Англија во Берлин.

Изминатиов период имаше многу гласини за тоа кој ќе биде судија, и се веруваше дека Даниеле Орсато како последен меч во својата кариера ќе ја дели правдата на финале на Европското првенство.

Сепак, Европската куќа на фудбалот реши да му укаже доверба на Франсоа Летексие, кој ќе биде првиот Французин кој судел финале на ЕВРО по 1988 година.

35 годишниот Франсоа Летексие на Европското првенство во Германија веќе ја делеше правдата на три меча, ремито од 2-2 понеѓу Хрватска и Албанија, ремито без голови помеѓу Данска и Србија и победата на Шпанија од 4-1 против Грузија.

Извор: kurir.mk

Претходно

Џорџ Клуни го пушти Бајден низ вода

Следно

УТРЕ Е ПЕТРОВДЕН: Најголемиот православен празник сведен по Велигден, посветен на Св. Апостол Петар- еве што треба да направите!

Latest from Blog