Организација блиска до паравоената „Вагнер“ им се закани на „руските либерали“ во Србија

January 20, 2023
1 min read

„Многумина го злоупотребија нашето гостопримство, почнаа, како што велат и самите, ’да ги менуваат свеста и ставот на српскиот народ‘. Организираа јавни манифестации на кои покажуваа како во Белград има поддршка за украинската страна“, пишува во заканувачката порака што ја објави организацијата блиска до паравоената „Вагнер“

Приватната руска паравоена формација „Вагнер“ предизвика бура реакции меѓу српската јавноста откако се појави руско видео во кое се тврди дека покажува српски „доброволци“ како тренираат заедно со руските војници во Украина. Последно што ја бранува јавноста е пораката што ја испрати организацијата Народна патрола, која се поврзува со руската „Вагнер“, заканувајќи им се на „руските либерали“ во Србија.

Синоќа, организацијата објави дека им „откажува гостопримство“ на руските либерали порачувајќи дека знамињата на „либералите“ ќе се гасат, а ќе се веат само нивните.

Нивната реакција дојде откако првично под познатиот „Бранков мост“ во Белград се појави графит на „Вагнер“ и потоа беше прецртан со цинична порака „сега го гледаш, сега не го гледаш“.

Пораката од Народната патрола беше објавена на Телеграм во која организацијата пишува дека од почетокот на „специјалната воена операција“ во Украина давала искрена поддршка на Русија и оти не ѝ пречеле ниту Русите ниту Украинците кои дошле во Србија.

„Меѓутоа, многумина го злоупотребија нашето гостопримство, почнаа, како што велат и самите, ’да ги менуваат свеста и ставот на српскиот народ‘. Организираа јавни манифестации на кои покажуваа како во Белград има поддршка за украинската страна“,

пишува во пораката, пренесува Н1 ТВ.

Исто така, нагласуваат дека не се мешале во тоа, сè додека не бил осквернавен графитот на „Вагнер“.

„Е па господа, до вчера без проблем мавтавте со либерални знамиња, сега повеќе нема да го правите тоа, сега ќе ги газиме. А нашето (знаме) ќе го гледате и вие и сите останати. Можеби сме окупирани, но сме гости и пркосни. Добредојдовте во Србија“,

пишува во пораката од Народната патрола.

Оваа организација, како што самата наведува, ја поддржува „Вагнер“ поради „херојските победи кои ги извојувале за рускиот народ“.

За паравоената „Вагнер“, претходно српскиот претседател Александар Вучиќ остро реагираше порачувајќи им дека повикувањето Срби во нивните редови е спротивно на законите.

Србија, како што рече тој, не само што е неутрална во однос на војната во Украина туку и тој лично воопшто не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин со месеци.

Во врска со активностите на „Вагнер“ во Србија, вчера белградски адвокат и неколку руски и украински антивоени групи поднесоа и низа кривични пријави со кои ги опфатија директорот на Српската Безбедносно-информативна агенција (БИА), Александар Вулин, рускиот амбасадор во Србија, Александар Ботсан-Харченко, Српско-рускиот хуманитарен центар во Ниш и членовите на десницата.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Казнети 68 возачи во Скопје, некои биле без возачка дозвола и под дејство на алкохол

Следно

Владата во Киев предложи закон за укинување на Украинската православна црква

Latest from Blog

Алиу – Срцева: На Клиниката за ТОАРИЛУЦ се реализирани или во фаза на реализација над 23 проекти и иницијативи за една година

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Клиниката за ТОАРИЛУЦ, во рамки на која е во напредна фаза темелна реконструкција на КАРИЛ. -Оваа реконструкција е согласно најсовремените европски и светски стандарди,

Сиљановска Давкова разочарана од Брисел

Европскиот парламент се подготвува идната недела да изгласа амандман со кој од годишниот извештај за напредокот на Северна Македонија се бришат сите директни споменици на „македонски јазик“ и „македонски идентитет“. Договорот –

Во Словенија на 8-ми јули падна снег!

По минувањето на студениот фронт, температурите во Словенија паднаа доволно ниско за највисоките врвови во земјата да добијат јулски снежен покривач. Снежната граница се спушти на околу 2.200 метри надморска височина, соопшти

Пресврт: Мбапе се откажал од тужба!

Oд заминувањето од Пари Сен Жермен актуелна беше „војната“ помеѓу Килијан Мбапе и францускиот гигант. Прво започна со барањето на Мбапе да му се исплати сумата за лојалјност која ПСЖ сметаше дека

Палестинско момче ја загуби ногата во израелски напад додека се обидувало да донесе помош за своето семејство

СКОПЈЕ (АА) – Десетгодишниот Мухамед Омар Селим Муслих ја загуби својата нога како последица на израелски напад, кога со татко му се обидувале да стигнат до хуманитарната помош, јавува Анадолу. Тој бил
Go toTop