Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“

1 min read

Општина Ѓорче Петров обезбеди возило за потребите на градинката „Росица“ кое од денес ќе може да се користи за транспортни услуги.

– Поради зголемениот обем на работа на градинката, но и со отворање на новиот клон „Сонце“ во Волково, се зголеми и потребата и од транспортни услуги на оваа установа. Наш приоритет секогаш ќе бидат најмалите жители, а тоа се нашите дечиња. Грижата за нив е наша основна обврска. Општина Ѓорче Петров веднаш излезе во пресрет. Нашето внимание е насочено кон зголемување на капацитетите на градинките, но и помош во однос на дополнителни проекти кои ќе го подобрат секојдневието на нашите дечиња и на образовниот кадар, информираше денеска првиот човек на општината Александар Стојкоски. 

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

Претходно

Ердоган е кандидат на АК Партија на престојните претседателски избори во Туркије

Следно

Пентагон објави документи за можно присуство на вонземјани

Latest from Blog