Општина Аеродром отвори линија за пријавување проблеми со јавното осветлување 

January 13, 2023
1 min read

Општина Аеродром отвори телефонска линија на која граѓаните, почнувајќи од денеска, ќе можат да пријавуваат проблеми со јавното осветлување. Целта на оваа линија е навремено решавање на проблемите на граѓаните кои се поврзани со уличното осветлување на територијата на Аеродром.

Пријавувањето може да се направи на телефонскиот број 072/270-886 од 07:30 до 15:30 часот, или пак во секое време по порака, на електронската адреса [email protected], со писмено барање во просториите на Јавното претпријатие, како и преку урбаните заедници на Општина Аеродром. По добивањето на пријавата службите задолжени за неговото одржување навремено ќе реагираат на терен.

Јавното претпријатие одговорно за јавното осветлување на Општина Аеродром ја следи состојбата со улично осветлување и навремено презема мерки за негово подобрување. Исто така, службите ќе вршат редовни ноќни контроли за согледување на состојбите и отстранување на сите утврдени дефекти, со цел поголема безбедност на граѓаните, како и поголема заштеда на електрична енергија во време на енергетската криза.

ИЗВОР: skopjeinfo.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Реал и Барселона во финалето на шпанскиот Суперкуп

Следно

Пензиониран генерал и поранешен премиер водат на изборите за нов чешки претседател

Latest from Blog

Најтренд за празничната сезона: Кариран маникир кој ќе се вклопи во се’ што носите (ФОТО)

Влеговме во декември, што значи дека празниците се пред врата. Сè околу нас полека добива празничен изглед, вклучително и маникирот. Сепак, маникирот не мора да биде украсен со светки или типични празнични

Уапсен поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа

Поранешниот државен правобранител, Фехми Стафа е уапсен вечерва. Како што дознаваме неофицијално, Стафа бил уапсен поради поткуп од неколку десетици илјади евра. Фехми Стафа стана државен правобранител во август 2018 година, а

Фулам победнички кај Барнли

ФОТО:Fulham FC Official/FB Фулам вечерва победи на гости против Барнли со 3:2, во натпреварот од 16-тото коло од Премиер лигата. Лондонскиот тим поведе во деветтата минута преку Емил Смит-Роу, додека Лесли Угочукву
Go toTop