ОН: Сириската Влада сноси дел од одговорноста за неуспехот на меѓународната помош

March 13, 2023
1 min read

Обединетите нации денеска соопштија дека Владата на Сирија, но и други актери, сносат одговорност за доцнењето на меѓународната помош за луѓето кои беа најмногу загрозени од последиците од катастрофалните земјотреси минатиот месец.

Во соопштението на истражната комисија назначена од ОН се наведува дека „хорот на меѓународните критики“ е предизвикан од улогата и активностите на меѓународната организација веднаш по земјотресот во Сирија во кој загинаа околу 6.000 луѓе, главно во областите на северозападниот дел на земјата, во близина на границата со Турција, кои се под контрола на бунтовниците.

„Иако имаше многу херојски акции во најтешките моменти на страдање, бевме сведоци и на голем неуспех на сириската Влада и меѓународната заедница, вклучително и Обединетите нации, спасувачката помош брзо да се достави до оние на кои им беше најпотребна“, изјави претседателот на истражната комисија на ОН, Пауло Пињеиро. (МИА)

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Кремљ: Нашите цели во Украина можеме да ги постигнеме само по воен пат

Следно

Сојузот на средношколци бара бесплатен превоз за сите ученици

Latest from Blog

Барселона ита кон рекордно остварување

Фото: Барселона Х Барселона на Ханси Флик е во серија без пораз на домашен терен во Ла Лига. Тимот има девет од девет. Тие се единствениот тим во главните европски лиги што

Папата Лав: Војната во Украина мора да заврши, цивилите ја плаќаат најголемата цена

Папата Лав 16-ти изјави дека цивилите во Украина се соочуваат со големи страдања како резултат на тековните напади и продолжената војна. Зборувајќи по неделната молитва во недела, Папата нагласи дека тековните конфликти

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по претежно влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по претежно влажни коловози, но поради врнежите од снег се препорачува внимателно возење, соопштуваат од Авто-мото Сојуз на Македонија. Дополнуваат дека интензитетот на сообраќај на
Go toTop