Кремљ: Нашите цели во Украина можеме да ги постигнеме само по воен пат

March 13, 2023
1 min read

Досега не се исполнети условите за транзиција на процесот кон мирен пат, изјави Дмитриј Песков

Руските цели во Украина можат да се постигнат само со воени средства, изјави денеска за новинарите Дмитриј Песков, портпарол на рускиот претседател Владимир Путин.

„Досега не се исполнети условите за транзиција на процесот кон мирен пат. За нас апсолутен приоритет продолжува и секогаш ќе биде постигнувањето на нашите цели. Во моментов овие цели можат да се постигнат само со воени средства“,

рече Песков.

Да потсетиме, Кина на крајот на минатиот месец го претстави својот мировен план, но Кремљ тогаш порача дека „нема изгледи за мир“.

„Специјалната воена операција (еуфемизмот на Кремљ за војната против Украина) продолжува, ние продолжуваме да ги постигнуваме однапред одредените цели“,

рече тогаш Песков.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Крвава тепачка во затворот Идризово, меѓу насилниците биле и осудени за „Диво Насеље“

Следно

ОН: Сириската Влада сноси дел од одговорноста за неуспехот на меѓународната помош

Latest from Blog

Ристо Вртев: Денес е профитабилно да се „тамбура“ на национални жици

Овој пат во „Имаме неколку прашања за вас“ го имаме Ристо Вртев, основач на музичката група Архaнгел, нејзин фронтмен, композитор, текстописец и вокалист. Бидејќи ретко дава интервјуа за Рацин.мк ова беше прилика

Пожарите не стивнуваат: Два активни, четири под контрола, 22 изгаснати низ Македонија

Македонија повторно се соочува со огнени жаришта, но според последните податоци од Центарот за управување со кризи (ЦУК), состојбата е стабилизирана. До утрово во 7 часот биле евидентирани вкупно 28 пожари на

Најдобриот стрелец во Евролигата ќе игра за Виртус Болоња,

Најдобриот стрелец во Евролигата за минатата сезона, Карсен Едвардс, го напушта Баерн Минхен и ќе ја продолжи кариерата во тимот на Виртус Болоња  изјави порталот „Баскетњуз“. Американскиот кошаркар бележеше 20,4 поени и
Go toTop