ОН ќе дадат сè од себе за да обезбедат интегритет и континуитет на договорот за жито

1 min read

ЖЕНЕВА (АА) – Обединетите нации (ОН) ќе сторат сè што можат за да обезбедат интегритет и континуитет на Договорот за транспорт на жито по Црното Море, кој треба да истече в сабота, изјави директорката на Информативните служби на ОН, истакнувајќи дека консултациите сè уште се во тек, јавува Анадолу.

На прашањето од новинарите на Анадолу дали постои можност да не се продолжи договорот – бидејќи договорот треба да истече в сабота и сè уште нема резултат од тековните консултации – Алесандра Велучи на двонеделниот брифинг рече дека тие нема да шпекулираат за тоа што ќе се случува утре во врска со продолжувањето на договорот.

„Она што можеме да ви го кажеме е дека денес и до кога ќе биде потребно, ќе направиме сè за да обезбедиме интегритет и континуитет на овој договор. Тоа е онолку колку што можам да кажам на оваа тема“, изјави таа.

Во врска со најавата на Русија дека договорот е продолжен за 60 дена, таа рече дека постојат три страни со овластување за потпишување на овој договор и дека една од нив штотуку го објавила својот став по ова прашање.

„Можеме да зборуваме во име на ОН и од страната на ОН, единствено што можам да кажам е дека дискусиите се во тек“, нагласи Велучи и додаде дека според сегашниот договор, кој е јавен и може да го прочитаат сите, се предвидува обнова за 120 дена.

„ОН сакаат да продолжат да гарантираат дека меморандумот за разбирање, кој вклучува олеснување на трговијата со руски ѓубрива, ќе биде имплементиран“, истакна таа.

Велучи рече дека ОН се ангажираат на сите нивоа во врска со договорот за жито.

Во јули минатата година, Туркије, ОН, Русија и Украина потпишаа договор во Истанбул за обновување на извозот на жито од трите украински пристаништа на Црното Море, што беше прекинат по почетокот на руско-украинската војна во февруари 2022 година. Договорот беше продолжен за 120 дена во ноември.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS)..

Извор: www.aa.com.tr

Претходно

Ердоган со официјална церемонија го пречека финскиот претседател Нинисто

Следно

Штетите од земјотресите во Турција достигнаа 103,6 милијарди долари

Latest from Blog