ОН: Итно се потребни 800 милиони долари за да се спаси Авганистан од глад

April 10, 2023
1 min read

Светската програма за храна на ОН (WFP) денеска објави дека итно ѝ се потребни 800 милиони долари за помош на Авганистан во следните шест месеци бидејќи таа земја е во најголема опасност од глад во изминатите 25 години.

Од враќањето на талибанците на власт во 2021 година, хуманитарните агенции им обезбедуваа на Авганистанците храна, образование и здравствена поддршка.

„Итно ни требаат 800 милиони долари во следните шест месеци за да продолжиме да обезбедуваме помош за луѓето на кои им треба низ Авганистан. Катастрофален глад тропа на вратата на Авганистан и доколку не се одржи хуманитарна поддршка, на стотици илјади Авганистанци ќе им треба помош за да преживеат“.

ОН предупредија дека нивната работа во Авганистан е попречена поради недоволните средства. За 2023 година се обезбедени 249 милиони долари, што не е ни третина од сумата од 2022 година.

ИЗВОР: kurir.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

(ФОТО+ВИДЕО) Пукање во Луисвил, Кентаки: Полицијата потврди дека има повеќе жртви

Следно

Суспендиран помошникот судија кој удри фудбалер на Ливерпул

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop