Октај за Анадолу: Туркије продолжува со напорите за меѓународно признавање на Турската Република Северен Кипар

April 1, 2023
1 min read

АНКАРА (АА) – Туркије продолжува со напорите да обезбеди меѓународно признавање на Турската Република Северен Кипар, изјави денес турскиот потпретседател Фуат Октај, јавува Анадолу.

„Постојат две рамноправни држави на островот. Постојат две суверени држави и ние сакаме тоа да биде признаено. Ги молиме пријателите на Туркије да го признаат тоа“, рече Октај за Анадолу за време на посетата на Турската Република Северен Кипар.

Изјавата на Октај дојде пред неговиот состанок со претседателот на Турската Република Северен Кипар, Ерсин Татар.

По „интензивните“ дипломатски напори, Октај истакна дека Турската Република Северен Кипар добила статус на набљудувач во Организацијата на туркиски држави за време на минатогодишниот Самит во Узбекистан.

„Туркије нема да дозволи уништување на муслиманското турско малцинство на островот“, нагласи Октај.

Анкара секогаш повторуваше дека го поддржува дводржавното решение за островот, втемелено на еднаков меѓународен статус и суверена еднаквост.

– Кипарско прашање –

Островот е блокиран во повеќедецениски спор меѓу кипарските Грци и кипарските Турци и покрај низата дипломатски напори за постигнување сеопфатно решение.

Етничките напади што започнаа во раните 1960-ти години ги принудија кипарските Турци да се повлечат во енклави заради својата безбедност.

Во 1974 година државниот удар на кипарските Грци, со цел грчка анексија на островот, доведе до воена интервенција на Туркије како гарантна сила за заштита на кипарските Турци од прогон и насилство. Турската Република Северен Кипар е основана во 1983 година.

Во изминатите години беше сведок на повремен мировен процес, вклучително и неуспешната иницијатива од 2017 година во Швајцарија под покровителство на земјите гаранти Туркије, Грција и Велика Британија.

Администрацијата на кипарските Грци беше примена во ЕУ во 2004 година, истата година кога кипарските Грци го спречија планот на ОН за ставање крај на долгогодишниот спор.

– Помош за погодените од земјотресот –

Потпретседателот на Туркије, Фуат Октај, во интервјуто накратко се осврна и на неодамнешната кампања „Туркије едно срце“, во чии рамки се собираа средства за поддршка на погодените од земјотресот на југот на земјата.

„Собрани се 84,4 милијарди турски лири (4,1 милијарди евра) што ќе се користат во согласност со нивните потреби“, рече Октај и додаде дека повеќе од 1.680.000 граѓани погодени од земјотресот добиле финансиска помош од 10.000 турски лири по домаќинство.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS).

Извор: www.aa.com.tr

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Мицкоски ја обвини Левица за коалицирање со СДСМ и ДУИ: Сите што се против владата да се обединат околу ВМРО-ДПМНЕ

Следно

Шојгу: Русија го зголеми производството на високопрецизно оружје

Latest from Blog

Министерство за енергетика: Тврдењата на Филипче се неточни, гасификацијата продолжува

Тврдењата на Венко Филипче, на денешната прес-конференција, се неточни дека државата ја напушта гасификацијата и новите правци на снабдување. Интерконекторот со Грција се гради со обезбедено финансирање, се подготвува поврзувањето со Србија,

Промет од 11,6 милиони денари на Македонската берза

Изготвен од Илирика Инвестментс АД Скопје врз основа на официјални податоци од Македонска берза. Тргувањето на Македонската берза на 28.10.2026 заврши со раст на индексот МБИ10, кој изнесуваше 8.894,95 поени. Во однос

Европа вложува милијарди во критични минерали: каква шанса има Македонија?

Европската Унија ја забрзува потрагата по сопствени извори на критични минерални суровини, а новите инвестиции во Финска, Шведска и Германија покажуваат колку капитал е потребен за развој на современото рударство. Проект за

Божиновска: Младите инженери имаат знаење и идеи за одржлива енергетска иднина

Инвестицијата во знаење и млади инженери е подеднакво важна како и инвестицијата во енергетската инфраструктура, порача министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, на Четиринаесеттата студентска конференција за енергетска ефикасност

Николоски: Инфраструктурните проекти создаваат подобри услови за странски инвестиции

Ја реализираме абициозната агенда што ја имаме во делот на инфраструктурниот развој на државата. Градиме нови автопати и железницица и со тоа правиме конкуретни услови за влез на нови инвеститори, но се
Go toTop