Одземен пасошот на Рамиз Мерко поради опасност од бегство, обвинителството покрена ново обвинение

December 28, 2024
1 min read

Основното јавно обвинителство Струга до струшкиот суд достави предлог за определување мерки на претпазливост за едно лице, односно одземање на патна и друга исправа за преминување на државната граница и обврска тој повремено да се јавува во Судот. Мерките се побарани поради опасност од бегство, имајќи предвид дека во текот на вчерашниот ден ОЈО Струга поднесе уште едно обвинение против истото лице.

Надлежен јавен обвинител, по спроведена претходна постапка, поднесе Обвинителен предлог затоа што обвинетиот, како градоначалник на општина Струга, во март годинава, поставил спомен обележје – плоча на влезот на општинската зграда, со кое поттикнал етничка омраза и раздор меѓу жителите на Струга, со што сторил кривично дело предвидено во член 27 од Законот за меморијални споменици и спомен-обележја.

Имајќи предвид дека обвинетиот е долгогодишен јавен функционер, против кого ОЈО Струга во краток временски период годинава поднесе повеќе обвиненија и веќе води осум судски постапки за кривични дела – Злоупотреба на службена положба и овластување и Несовесно работење во службата, надлежниот јавен обвинител оцени дека постои реална опасност обвинетиот да се обиде да го избегне кривичниот прогон.

Имено, со последното поднесено обвинение вчера, во основните судови во Струга и во Битола, против обвинетиот ќе се водат вкупно девет активни судски постапки, при што во секоја од нив му е запретена и затворска казна.

Основниот суд Струга го прифати предлогот на обвинителството и донесе Решение со кое му го одзеде пасошот на обвинетиот и го задолжи еднаш неделно да се јавува во судот.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

MARKETING

Претходно

Владата стави рака и врз Националната комисија за учебници, ќе ги избира нејзините членови

Следно

Бизнисот и институциите на заедничка маса: Азески и заменик-министерот Ристески на седницата на Регионалната комора 

Latest from Blog

Син на поранешен функционер повикан во полиција поради оддавање на службена тајна

Денеска бил приведен син на поранешен екс функционер, јавува репортерот на ТВ21. Според информациите, лицето било приведено поради кривично дело „Оддавање службена тајна“, но потоа веднаш било пуштено на слобода. ТВ21 дознава

Најдобриот спортист на Балканот ќе биде прогласен во јануари

Бугарската агенција – БТА ја објави листата на ТОП-10 спортисти на Балканот од традиционалниот избор на најдобрите. На листата има претставници од Србија, Грција, Хрватска, Романија, Турција и Бугарија. ТОП-10 спортисти на

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште

Цените на производите почнаа да се враќаат на ниво пред покачувањето, објавени 5 јавни повици за закуп на државно земјиште. Ова се дел од настаните кои го одбележаа денот, соопшти ВМРО-ДПМНЕ. „Најголемиот

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – Втор протестен марш за загаден воздух

„Воздухот ни е отров, власта ни е глува“ – гласеше една од паролите на протестот против аерозагаденоста. Присутните побараа институциите да не ги подготвуваат мерките зад затворени врати. „Се уште одложуваат да
Go toTop