Одлуката на пекарите останува во сила, и денеска нема да испорачуваат леб

March 2, 2023
1 min read

И денеска на полиците во маркетите нема да има леб, велат пекарите. Тие остануваат на одлуката од понеделникот дека производство и испорака нема да има.

Како што велат за МИА нивни претставници, подготвени се за разговор со надлежните институции, но тогаш кога ќе добијат официјална покана, а не „повик“ или „апел“ преку прес-конференција.

Според пекарите, никој не треба да очекува дека ќе има леб за 20 денари. Цената не требаше да се замрзне зашто тоа, потенцираат, се коси со уставното право за слобода на пазарот, ниту требаше да се укине субвенционираната струја зашто мерката даде резултат. Леб за 32 до 35 денари имаше во малопродажбата, зависно од квалитетот и грамажата.

Пекарската индустрија во оваа новонастаната ситуација, очекува поддршка од сите останати индустрии во земјава.

-Нашата одлуката останува во сила. И денеска нема да се ипорачува леб на пазарот. Се чека Владата да одлучи позитивно во однос на барањата на пекарите. Замрзнувањето на цената се коси со уставното право за слобода на пазарот. Очекуваме поддршка и од другите индустрии, од сите, зашто ако ова и се случува на пекарската индустрија, може да им се случи и на нив, потенцира во разговор за МИА претставник од Групацијата на мелничко-пекарската индустрија.

Сопственик на една од поголемите мелници дополнува дека субвенционираната струја ја исполни целта.

-Повторуваме дека не беше потребно да се замрзне цената на лебот зашто веќе самата индустријата ја корегираше на 32 и 35 денари. Такви цени имаше на пазарот, се направи социјална цена за одредена категорија граѓани пред да се замрзне цената на лебот. Стоиме на ставот од понеделникот дека мерката на субвенционираната струја ја исполни целта зашто од нејзиното стапување во сила, цените се намалија. Очекувањета дека лебот ќе биде 20 денари, не може да се исполнат и тоа едноставно нема да биде, но имаше леб од 32 и 35 денари зависно од квалитетот и грамажата. Во однос на „поканата“ за средба што ја упати министерот Крешник Бектеши, би му порачал дека пекарската индустрија е секогаш подготвена за разговор, но треба да биде фицијално поканета, со конкретно наведена тема за разговор, а не преку прес-конференција, нагласува мелничарот за МИА.

Денеска втор ден во продавниците не се испорачува бел и полубел леб откако Владата завчера ја донесе одлуката да се замрзне цената на 33 денари. Причината за оваа мерка, како што објаснија премиерот Димитар Ковачевски и министрите за економија и за земјоделство, Крешник Бектеши и Љупчо Николовски, е неисполнувањето на договореното од страна на компаниите по испораката на субвенционираната струја, како и заштита на „џебот“ на граѓаните.

ИЗВОР: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зградите во Адијаман биле полни со живот пред земјотресот, сведочи тимот на ДЗС кој учествуваше во спасувањето на 38-годишната жена

Следно

Туркије: Уапсени 218 лица во врска со урнатите згради во земјотресот

Latest from Blog

Хороскоп за февруари: Кој ќе заработува повеќе, а кој мора да ги промени своите навики

Февруари ќе донесе финансиски напредок кај Лавовите, Скорпиите и Рибите Астролошката констелација од февруари 2026 година носи специфичен сет на аспекти кои директно влијаат на финансиската слика. Сончевото затемнување во Водолија на

ВМРО-ДПМНЕ: СДС, Левица и ССМ вечерва на протест собраа едвај илјада лица

Таканаречените борци за работнички права, или СДС и Левица заедно со нивните синдикати, поточно Сојузот на синдикати на Македонија вечерва ја покажаа својата сила, се вели во партиското соопштение на владејачката ВМРО-ДПМНЕ.

Почина Алексис Ортега, актерот што го синхронизираше Спајдермен

Актерот Алексис Ортега се прослави со синхронизацијата на Питер Паркер во Марвеловиот филмски универзум. Во официјалното соопштение објавено на Инстаграм-страница посветена на светот на синхронизацијата се наведува: „Со жалење објавуваме дека почина

МУСКУЛИТЕ ШТО МУ ПОМАГААТ НА СРЦЕТО Зошто листовите се „второ срце“

Повеќето луѓе мускулите на листовите ги доживуваат исклучиво како помош при одење, трчање или одржување рамнотежа. Сепак, зад нивната секојдневна функција се крие изненадувачки важна улога за целиот организам. Зад мускулите на
Go toTop