Одложено судењето за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски додека не се спојат постапките против Палевски и соизвршителите

1 min read

Основниот кривичен суд Скопје на неодредено го одложи почетокот на судењето против четворицата обвинети во случајот со грабнувањата и убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, кое беше закажано за 30 јули.

Одлуката на судот доаѓа откако вчера од републичкото Јавно обвинителство соопштија дека е завршена истрагата против првоосомничениот во случајот, Љупчо Палевски-Палчо и дека надлежниот јавен обвинител од основното јавно обвинителство Скопје ќе бара спојување на овој предмет со обвинението што ОЈО Скопје веќе го поднесе против останатите четворица обвинети. Истовремено од Обвинителството информираа поради овие околности ќе побараат одложување на рочиштето закажно за во вторник, следната недела.

Предлогот за одлагање на рочиштето Основното јавно обвинителство Скопје го доставило до Судот денеска, соопштија од Кривичен.

„Основното јавно обвинителство Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 26.07.204 година достави Предлог за одлагање на закажана главна расправа за предметот со К.бр. 1339/24, насрочена на 30.07.2024 година, а поврзан со двојното убиство на малолетната В.Ѓ. и велешанецот П.Ж. Имено, со оглед на фактот дека истрагата против осомничениот Љ.П. е завршена и по истек на законските рокови по известување за завршена истражна постапка, ќе биде изготвено и поднесено обвинение, кое се однесува за истиот кривично – правен настан за кој се води и предметот К.бр. 1339/24 против четворица други обвинети, а воедно се работи и за исти докази, од ОЈО Скопје, согласно член 28 од ЗКП ќе биде поднесен и предлог за спојување на двете постапки“, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Извор: 24vesti.mk

Претходно

Ердоган: Целиот свет виде како во американскиот Конгрес му се аплаудира на геноциден убиец

Следно

Муцунски го разреши Бесиан Ахмети, внукот на Али Ахмети

Latest from Blog