Од утре почнува исплатата на боледувањата и породилните отсуства, Фондот за здравство го стави системот во функција

February 20, 2023
1 min read

Исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година ќе почне во текот на утрешниот ден и в среда. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата, велат од Фондот

Исплатата на боледувањата, породилното отсуство и разните рефундации ќе почне од утре откако Фондот за здравствено осигурување ги стави во функција сите модули, информираат од ФЗОРСМ. Но, оттаму во ниту едно од соопштенијата за постепено враќање на системот во функција не наведуваат на кој начин тоа е направено.

Од Фондот велат дека осигурениците етапно ќе ги добиваат средствата на своите сметки во текот на утрешниот ден и в среда.

„Ова значи дека веднаш ќе започне исплатата на боледувањата кои биле внесени до 5.2.2023 година. Податоците за боледувањата кои се доставени по овој датум ќе започнат да се внесуваат во подрачните служби за и тие да влезат во системот за редовна исплата“,

нагласуваат од Фондот.

Системот за евиденција на болничките услуги, исто така, е во тек на враќање во функција и од ФЗОРСМ велат дека јавноста навремено ќе биде известена кога и тој целосно ќе биде за употреба.

Системот на Фондот за здравство се врати во функција по хакерскиот напад од 6 февруари.

ИЗВОР: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кинеската пропаганда е изненадувачки успешна во странство

Следно

Холандскиот министер за надворешни работи: Долго ќе трае војната во Украина

Latest from Blog

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме

Александра Наќева Ружин нов претседател на Советот на амбасадори

Александра Наќева Ружин е избрана за нов претседател на Советот на амбасадори. Се очекува Наќева Ружин да ја продолжи активната и влијателна улога на Советот во надворешната политика, придонесувајќи значајно во јавниот
Go toTop