Од 15 декември до 15 јануари: Се намалуваат цените на над 600 производи

December 5, 2024
1 min read

Владата подготви новогодишна кошничка со над 600 прехранбени производи, како поддршка за граѓаните во пресрет на празничниот период.

Денеска на прес конференција премиерот Христијан Мицкоски истакна дека оваа акција започнува на 15 декември и ќе трае се до 15 јануари.

Според него, мерката е усогласена со бизнис секторот и има за цел олеснување на потрошувачката во текот на празниците.

„Направивме нешто што досега можеби никогаш не е направено. Разговаравме извесен период и дојдовме до конкретен предлог дека во периодот од 15 декември па се до 15 јануари цените на повеќе артикли ќе бидат намалени“, вели Мицкоски.

Како што порача, ова не е направено со интервентна мерка на Владата па затоа нема да има казни туку само мониторинг за тоа дали ќе има залепено налепници.

ИЗВОР: ТВ 21

MARKETING

MARKETING

Претходно

МУЗЕЈОТ НА МАКЕДОНИЈА ОТВОРА ИЗЛОЖБА СО ИКОНИ И ФРЕСКИ СО БОГОРОДИЦА ОД РЕТКИТЕ КОЛЕКЦИИ

Следно

Сиљановска Давкова: Свети Климент е еден од најголемите столбови на македонската духовност

Latest from Blog

Хоспитализиран тренерот на Аталанта

Хрватскиот стратег на клупата на Аталанта, Иван Јуриќ, го пропушти почетокот на подготовките на калчолигашот поради здравствени проблеми. Аталанта соопшти попладнево дека здравствената состојба на Јуриќ се подобрува и се очекува наскоро

19 годишна девојка итно хоспитализирана, братот (23) случајно ја застрелал додека и го покажувал пиштолот

Девојка (19) е ранета денес во пукотница што се случила во близина на Универзитетот во Нови Пазар, откако нејзиниот брат Д. А. (23) испукал куршум од пиштол и случајно ја погодил, јавува
Go toTop