Обвинителството: Истрага за причините за пожарот во Универзална

April 10, 2024
1 min read

Еден ден по големиот пожар во Универзалната сала, Обвинителството започна истрага за утврдување на причините за пожарот. Трите лица кои претходниот ден беа приведени во полиција, откако дадоа изјави, се пуштени на слобода. Како што соопшти Обвинителството, локацијата детално ќе се проверува за да се обезбедат сите докази потребни за да се утврдат причините.
Се наоѓаме пред зградата на универзалната сала која вчера беше зафатена од пожар. Од објектот останаа металната конструкција и урнатини. Обвинителството започна истраги кои треба да дадат одговор на прашањата како избувнал пожарот и дали причината е човечкиот фактор.

Во меѓувреме, Државниот инспекторат за труд вчера изврши увид во работата на фирмите вклучени во реконструкцијата на објектот и подготви записник. Од друга страна, политичките партии меѓусебно се обвинуваат и за овој случај. ВМРО-ДПМНЕ прстот го впери во градежната компанија, која според македонската опозиција е блиска до првиот човек на СДСМ. Причина за пожарот, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ, е криминалот на СДСМ.

„Дали е градено според стандарди или како се до сега кај СДСМ, што и да виделе поевтино, за да има простор за големи маржи за нечии џебови“, велат од ВМРО-ДПМНЕ“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

СДСМ реагираше обвинувајќи ја ВМРО-ДПМНЕ дека е одговорна за уништувањето на Универзалната сала.

„Култниот ббјект и симболот на Скопје две години беше оставен на милост и немилост на времето, да се уништува одвнатре и однадвор, па дури и предавањето на реконструкцијата на Универзалната сала беше проблем за Министерството за култура, велат од СДСМ“, велат од СДСМ.

Инаку, вчера пожар ја зафати новата купола на салата која беше поставена само пред 10 дена. На пожарникарите им биле потребни два часа да го стават пожарот под контрола. За среќа, освен материјална штета нема повредени. Реновирањето на Универзалната сала се ветуваше над 15 години, додека објектот е затворен веќе 9 години. Владата вети дека салата ќе биде готова во 2026 година./Алсат.мк

Суад Бајрами

Извор: alsat.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Ако ја имате оваа крвна група, тогаш сте посебни: Носите некои од најретките особини во човечката раса

Следно

„Моите деца не се виновни за ништо“: Се огласи мајката на убиецот на малата Данка

Latest from Blog

Уапсен охриѓанец осомничен за грабнување – барал пари за ослободување на семејство

На 18.05.2025 во 00.50  часот на булевар „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од Свр Охрид го лишија од слобода А.Д.(33) од Охрид, кој се сомничи дека сторил кривично дело „грабнување“ по член

ПЛИКОА И РАЗГЛЕДНИЦИ СО 66 НАРОДНИ ХЕРОИ ОД НОБ ИЗДАДЕ СОЈУЗОТ НА ФИЛАТЕЛИСТИ ЗА 75-ГОДИШНИОТ ЈУБИЛЕЈ

Пликови и разгледници со ликовите на 66 народни херои издаде Сојузот на филателистите на Македонија, како дел од повеќегодишниот филателистичко-историски проект „Народните херои од Народноослободителната борба од Македонија 1941-1945“. Димитар Белчев, претседател

Момче од ресенско возело со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка

Дваесет и седумгодишник од ресенскиот регион возел со 2.38 промили алкохол во крвта и без возачка дозвола, информираат утрово од Министерството за внатрешни работи. – Рано изутрина во 2:18 часот, полициски службеници
Go toTop