Образовниот инспекторат ја демантира министерката: Наставникот нема да биде казнет, ќе има дисциплинска постапка

December 5, 2024
1 min read

Државниот просветен инспекторат ја демантира министерката Весна Јаневска која рече дека за претставата на 28 ноември во училиштето „7 Март“ во село Челопек, каде децата се појавија облечени во униформи на ОНА и пластични пушки во рацете, ќе има казни. Од инспекторатот најавуваат дека само училиштето ќе преземе дисциплински мерки.

Министерката за образование, Јаневска вчера беше прашана за спроведената инспекција во училиштето 7 Март, за која рече дека извештајот за надзорот извршен во Челопек е завршен и дека инспекторите утврдиле нерегуларности за што одговорност ќе понесе самиот наставник.

Го прашавме директорот на школото, Јасин Река кој рече дека се уште не е донесена одлука а обидувајќи се да избегне одговорност, рече дека претставата била организирана од самиот наставник.

Тргнувајќи од конкретниот случај во Челопек, министерката за образование најави дека во ова училиште но и во неколку други каде се пријавени нерегуларности, ќе се одржат обуки за соживот, мултикултурализам, мултуетничност, а за тоа ќе бараат поддршка и од ОБСЕ.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Зголемен бројот на лица заразени од грип за 65

Следно

Слаб снег провејува на Попова Шапка, Маврово и на Стража, магла до 50 метри има на Плетвар

Latest from Blog

Проданоски: Земјоделците од Мажучиште и Коњари нема да бидат оставени сами

Градоначалникот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, денеска беше на терен во населеното место Големо Коњари, каде се увери во последиците од вчерашното силно невреме проследено со дожд и град. Невремето предизвика сериозни

Мицкоски најави можно намалување на ДДВ за горивата

Владата планира намалување на ДДВ за нафтените деривати по последниот раст на цените на горивата, најави премиерот Христијан Мицкоски. На новинарско прашање дали се размислува за намалување на ДДВ, Мицкоски одговори дека
Go toTop