Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег

December 7, 2024
1 min read

Облачно со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Врнежите ќе бидат пообилни во втората половина од ноќта. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер.

Променливо облачно со врнежи од дожд, кои ќе бидат пообилни во источните делови (20л/м2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а на повисоките места од дожд и снег. Попладне почнувајќи од запад облачноста ќе се намали, врнежите ќе престануваат и ќе започне да дува умерен, вдолж Повардарието засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 7, а максималната ќе достигне од 5 до 10 степени.

Во Скопје претежно облачно со повремен дожд, особено претпладне. Ќе дува слаб, а попладне умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 8 степени.

Во недела кон крајот на денот и во текот на ноќта кон понеделник ќе има нови врнежи од дожд, пообилни во западните делови. Потоа ќе преовладува променливо облачно време со повремен локален дожд и снег. Од недела до среда по котлините ќе има услови за појава на магла.

ИЗВОР: ТВ 21

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пеп Гвардиола сакаше да тепа навивач на улица (ВИДЕО)

Следно

Економијата е нашиот приоритет – Буџетот за 2025 година ветува повисоки плати, инвестициски бум, силен економски развој и поквалитетен животен стандард за граѓаните

Latest from Blog

Трамп доби совети од неговиот тим што побргу да ја заврши војната со Иран- се плашат од една работа

Во последните денови, помошниците наводно го советувале Доналд Трамп, претседателот на САД, да нагласи дека американската војска во голема мера ги постигнала своите цели и го советувале претседателот да соопшти план за

Средба на Божиновска со директорот на Енергетската заедница Лорковcки

Напредокот на државата во реформите во електроенергетскиот сектор, зајакнувањето на енергетската стабилност и сигурност на снабдувањето, интеграцијата на националниот пазар со регионалниот и европскиот енергетски пазар, како и забрзувањето на процесите на

Божиновска се сретна со директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница – Во фокус трансформацијата на македонскиот енергетски сектор

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска оствари работна средба со Артур Лорковски, директор на Секретаријатот на Енергетската заедница, на која се разговараше за следните чекори во трансформацијата на македонскиот
Go toTop