Објавени се првите детали за хеликоптерската несреќа во која загина украинскиот министер за внатрешни работи

January 18, 2023
1 min read

Во хеликоптерот имало девет лица: шест членови на оперативниот тим на МВР, меѓу кои и раководството на МВР, како и тројца членови на екипажот на Државната служба за вонредни состојби

Пристигнуваат првите детали за хеликоптерската несреќа во украинскиот град Бровари кај Киев, во која загинаа најмалку 18 лица, меѓу кои и министерот за внатрешни работи на Украина, уште двајца службеници од врвот на Министерството за внатрешни работи, како и три деца.

Официјални лица изјавија дека хеликоптерот се урнал во 8:20 часот по локално време и дека зградата на Националната служба за итни случаи била уништена во пожар што избувнал по падот. Пожарникарите еден час подоцна го изгаснале пламенот.

Како што рекоа тие, станува збор за хеликоптер „аероспасијал АС 332 супер пума“, кој на Украина ѝ го обезбеди Франција. Според фотографиите од местото на несреќата, хеликоптерот паднал во дворот на градинката. Трите деца што загинаа најверојатно биле згрижени во градинката. Повредени се уште десет деца.

Во хеликоптерот имало девет лица: шест членови на оперативниот тим на МВР, меѓу кои и раководството на МВР, како и тројца членови на екипажот на Државната служба за вонредни состојби. Починати се министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, неговиот прв заменик Јевген Јенин и државниот секретар на Министерството Јуриј Лубковиќ, соопшти Антон Герашченко, советник на министерот за внатрешни работи.

Прерано е да се зборува за причината за хеликоптерската несреќа, изјави Кирило Тимошенко, заменик-шеф на претседателската администрација, за време на брифингот за медиумите во Бровари. Тој рече дека истрагата ќе ги разгледа сите можности, полицијата повика сведоци.

Тој потврди дека возењето со хеликоптер било поврзано со работата на министерот за внатрешни работи Денис Монастирски. Се верува дека тој бил на пат кон линијата на фронтот.

Тимошенко рече дека некои од хоспитализираните се во животна опасност. Повредени се вкупно 25 лица, од кои десет се деца.

Хеликоптерот се урнал веднаш до градинката во која биле деца и вработени во моментот на несреќата. Преживеаните деца се евакуирани од зградата, додека службите за итни случаи работат на терен за да утврдат дали некој е заробен во урнатините.

Тимошенко рече дека е можно меѓу жртвите да има и случајни минувачи, со оглед на тоа дека тоа било во утринските часови, но и родители штоги однеле своите деца во градинка.

Извор: 360stepeni.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Апсења на повеќе локации низ Скопје поради дрога

Следно

Твитер објави аукција со предмети од седиштето во Сан Франциско

Latest from Blog

Во првото коло се елиминирани 13 носители

Нова историја е испишана на традиционалниот тениски гранслем-турнир Вимблдон, откако рекордни 13 од 32 носители на турнирот во машка конкуренција се елиминирани во првото коло. Со тоа е израмнет рекордот на гранслем-турнирите

Христоски: Работиме за секој еден граѓанин на Крушево, ние сме симбол на непокорот, напредокот, визијата!

Г’радот Крушево е симбол на непокорот, симбол на визијата и напредокот, симбол на единството’ истакна денеска на граѓанската трибина „Мугра на слободата“, Томе Христоски, актуелен градоначалник и кандидат за градоначалник на Крушево

Мицкоски од Струмица: Почнавме не од нула, туку од минус – не избравме пат на пораз и молк, туку храбро се зафативме да градиме темели!

„Секој почеток е тежок, но нов почеток – по години тишина, разочарување и неправда – е уште потежок“, порача премиерот Христијан Мицкоски на трибината во Струмица, под слоганот „Една година ги градиме
Go toTop