Објавен Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата за 2024 година

November 20, 2023
1 min read

Министерството за култура, денеска го објави Конкурсот за поддршка на стручно усовршување на дефицитарни кадри во областа на културата(дефицитарни кадри во уметностите и во заштитата на културното наследство) за 2024 година.

Грижата за младите уметници и за дефицитарните кадри, како мерка, во својата основа ја покажува комплементарноста помеѓу културата и образованието како сооднос кој неизоставно влијае врз унапредувањето на знаењата и афирмирањето на културата во светот.

Во тој контекст Министерството обезбеди средства во еднократен износ од Буџетот на Македонија за 2024 година, поддршка за  младите уметници што во иднина ќе влијае во подигнувањето на стручниот капацитет на институциите од областа на културата и развојот на овие уметници како професионален кадар, а и секако има значење во однос на намалување на трошоците на нивното доедуцирање и професионална наобразба.

Со овие стипендии, покрај тоа што ќе се обезбеди иднина во дефицитарни области на културата и заштитата на културното наследство, се обезбедува и повисок студентски стандард и грижа за младите идни стручни кадри во областа на културата.

Апликантите не треба да бидат постари од 27 години за прв циклус студии, односно од 30 години  за втор циклус студии, односно од 35 години за трет циклус студии.

Пријавувањето на Конкурсот се врши со електронско аплицирање на Националниот портал за е-услуги: https://uslugi.gov.mk, почнувајќи од денеска 20.11.2023 година во 9:00 часот, заклучно со  ­­­­­­­­­­­­­­­­­22.12.2023 година во 23:59 часот.

За резултатите од Конкурсот, подносителите на пријавите ќе бидат известени во согласност со Законот за културата. За секој поднесен проект, корисникот ќе биде известен по електронски пат. Резултатите од Конкурсот ќе бидат објавени и на веб-страницата на Министерството за култура.

Подетални информации околу критериумите, мерилата врз чија основа ќе се врши оцена на пријавите, потребната документација и начинот на финансирање, можете да добиете на следниот линк: https://uslugi.gov.mk/…/konkurs-za-poddrshka-na…#

За сите дополнителни  информации во врска со Конкурсот, заинтересираните може  да   се  обратат до Министерството за култура на Република Македонија на електронската адреса: [email protected].

 

 

ИЗВОР: republika.mk

MARKETING

MARKETING

Претходно

Кривична пријава за тешка телесна повреда и малтретирање во вршење на службата

Следно

Зошто рубљата повторно е на западните наслови?

Latest from Blog

Франција покрена кривична истрага против компанијата „Икс“ за манипулација со алгоритмот

Француските обвинители започнаа кривична истрага против Фејсбук поради наводите дека компанијата, во сопственост на милијардерот Илон Маск, манипулирала со алгоритми со цел „странско мешање“. Судијата Лор Бекуо денес изјави дека обвинителите ја

УЕФА го исфрли Кристал Палас од Лига Европа

Овој тим нема да настапува во Лига Европа следната сезона, и покрај обезбедениот пласман преку ФА Купот, откако УЕФА донесе одлука да го премести во Конференциската лига. Според информациите на Sky Sports,

Бројот на убиени Палестинци во израелските напади во Газа надмина 57.800

ИСТАНБУЛ (АА) – Најмалку 57.823 Палестинци се убиени во геноцидната војна на Израел во Појасот Газа од октомври 2023 година, соопшти денес Министерството за здравство на енклавата, јавува Анадолу. Министерството истакна дека

Вкупно 32 пожари во Македонија

Центарот за управување со кризи информира дека до 20:30 часот имало вкупно 32 пожари од кои 4 се активни, 6 се под контрола и изгаснати се 22 пожари. АКТИВНИ: 4 Општина Теарце:
Go toTop