Новогодишни путер колачиња, радост за најмалите

December 14, 2025
1 min read

Неодоливите колачиња најмногу ќе ги израдуваат децата, а ќе ја красат новогодишната трпеза.

Состојки:

500 гр брашно
150 гр путер
150 гр шеќер
80 мл слатка павлака
3 јајца
1 ванилин шеќер
2 лажички сода бикарбона

Глазура:

250 гр шеќер во прав
1 белка од јајце
боја за јадење за колачи

Подготовка:

Се матат путерот и двата шеќери додека не се запенат. Додадете ги јајцата едно по едно. Кога смесата ќе се изедначи, додадете ја слатката павлака и матете на најмала брзина да се соединат состојките. Додадете брашно помешано со сода бикарбона и замесете меко тесто. Завиткајте го во провидна фолија и ставете го во фрижидер два часа. Расукајте го со сукало и со калап исечете ги саканите форми. Се редат во тава на хартија за печење и се печат во загреана рерна на 180 степени 10 минути или додека не поруменат.

Глазура: Изматете ги белките додека не се стегнат и постепено додавајте го шеќерот во прав, матејќи цело време додека не добиете густа смеса. Смесата поделете ја на неколку длабоки чинии (во зависност од тоа колку бои сакате) и на секоја додајте неколку капки боја по желба. Со глазурата премачкајте ги колачињата и декорирајте по желба.

Извор: kurir.mk

VERO JUMBO MACEDONIA

EVN MACEDONIA

MATINA DENTAL CLINIC

AUTO SHKOLLA BEKO

Претходно

Пренџов: Со изградба на автопатишта и брзи железници се придвижува македонската економија

Следно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Latest from Blog

Со концертот „Бесмртна“: Бојана Скендеровски заокружи едно животно и уметничко поглавје

Вчеравечер во Филхармонија не се одржа само концерт, вчеравечер се случи едно долго чекано признание… Признание на времето, на истрајноста и на сонот што тивко растел, цели 23 години. Бојана Скендеровски конечно

Бројот на жртви во нападот во Сиднеј се искачи на 16 лица – напаѓачите биле татко и син

Полицијата во Нов Јужен Велс потврди дека 16 лица, вклучувајќи го и еден вооружен човек, се убиени во пукотница на плажата Бонди во Сиднеј. Другиот напаѓач е во критична состојба. Полицискиот комесар
Go toTop